Рекреирајте се бесплатно на игралиштата на песок на Градска плажа „Парк“

Од утре ќе бидат отворени за користење одбојкарското  и ракометното игралиште на песок на Градска плажа „Парк“.

Сите заинтересирани граѓани, рекреативци, ученици, студенти, спортски клубови и здруженија на граѓани можат бесплатно да спортуваат и да рекреираат на ова игралиште на песок.

Спортските терени  Градска плажа „Парк“, ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден во термините од 10 до 24 часот.

Закажувањето може да се врши секој ден на самите игралишта во горенаведениот период и на телефонскиот број за контакт 071/ 267- 265.

Терминот за бесплатно користење е со времетраење од 1 час.