Македонија

Ректорот и деканите на УКИМ побараа пилот-проект за државниот испит

Ректорот и деканите на УКИМ побараа пилот-проект за државниот испит

Ректорската управа на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, побара од Собранието на Република Македонија да има пилот-проект за државниот испит во високото образование, објави МИА, пренесува Нетпрес.

– Ректорската управа му предлага на Собранието на Република Македонија да интервенира во предложените законски решенија, односно да се пристапи кон одредени предлог-решенија за подобрување на квалитетот на високото образование по спроведување на темелни анализи и пилот-проекти, наведено е во писмото на Ректорската управа испратено до претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, и до ресорниот министер, Абдилаќим Адеми.

Предлогот произлегол од денешната вонредна седница на Ректорската управа на УКИМ.