Македонија

Ректорот на штипскиот универзитет бара мониторинг на рецензиите

Ректорот на штипскиот универзитет бара мониторинг на рецензиите
 За да излезе вистината на виделина и за да не се манипулира со јавноста Ректорот Саша Митревги повика тројцата професори кои штрајкуваат сами да формираат тим кој ќе оцени дали наставниците ги задоволуваат нормите за избор на вонредни професори, објавува МТВ.

Во соопштението до јавноста стои „доколку ги исполнувале условите, Ректорот јавно ќе им се извини на професорите во името на Универзитетот и ќе го разреши Деканот на Економскиот факултет поради грешки во водењето на постапката“, во спротивно бара професорите да се повлечат од сегашната претстава за да го заштитат угледот на Универзитетот и на високото образование во Македонија.

Штрајкувачите за овој случај бараа да реагира владата и ресорното министерството. Според Уставот тие неможат да се мешаат во автономијата на универзитетите. Единствено надлежен е просветниот инспекторат. Тој веќе донесе одлука до 15 август ректорската управа да ја повтори постапката и да направи увид во фактите. Оттаму толкуваат дека ова е обид на СОНК и професорите да направат притисок врз институциите за да донесат решение во нивна полза и да го исполитизираат случајот. И покрај сите понудени решенија штрајкот со глад продолжува.

„Се додека професорите не ги добијат своите звања што ги заслужуваат, ние сме овде и ги поддржуваме“, изјави Снежана Петрушева од СОНК.