Релативно топло време и во следните денови, в недела локален дожд

И во следните денови ќе продолжи стабилното и релативно топло време, најавуваат метеоролозите.

Во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност, а веќе од недела попладне ќе има услови за локален дожд.

Утре температурите ќе се движат од пет степени во Тетово до 15 степени во Гевгелија. Во Скопје и околината ќе преовладува релативно стабилно време со максимална дневна температура до деветиот степен.

За в петок метеоролозите најавуваат стабилно време со сончеви периоди и температура од шест до 15 степени. Релативно стабилно време ќе не’ очекува за викендот, кога максималните дневни температури ќе достигнат до 14-от односно 12-от степен.