Ременски не почитува владина одлука

Владата ја задолжила Ременски да го продолжи договорот на 44-те отпушени работници во кампот „Винојуг“. Ова го покажува документот што беше објавен денес од страна на отпуштените работници од Транзитно прифатниот центар „Винојуг“ кои и денес протестираа пред кампот со барање да добијат одговор зошто не е најдено решение за тие да бидат вратени на работа.

Тие денес исто така го изразија и својот револт од вчерашната изјава на Ременски, која рече дека лицата што протестираа во понеделникот пред Министерството за труд и социјална политика никогаш не работеле во ресорното Министерство.

Нашата министерка вчера на вести се однесуваше како ние да не постоиме, рече дека таа нас не не познавала, а ние овде работиме осум месеци, хигиената ја одржуваме на високо ниво, а таа сега си стави некои нејзини партиски функционери и не негира како ние да не постоиме воопшто, таа не не’ познава, вели Гушев Филип.

gushev-filip

Отпуштените работници велат дека сега најголем проблем се средствата. Како што велат, досега нивната плата одела преку УНХЦР, а отсега средствата од УНХЦР одат во Министерството за труд и социјална политика, поради што, како што велат, Ременски одлучила да ги избрка и да стави нејзини партиски членови.

Сега кога таа дојде до средствата од УНХЦР, кога таа треба нас да не плати, не избрка и стави нејзини партиски членови. Ние не отстапуваме од овде и ние сеуште ќе ја одржуваме хигиената на ниво и таа треба да седне и да разговара со нас, велат отпуштените работници.

odluka-vlada-1

Тие денес го покажаа и писменото известување од Владата во кое што се наведува дека 44-те лица кои што беа отпуштени се вработени во кампот. Имено, според документот што денес тие го покажаа пред медиумите се гледа дека на владината седница одржана на 1-ви март годинава, министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски добила задолжување да склучи договор за понатамошно ангажирање на постојните вработени лица во транзитниот центар „Винојуг“ кои се задолжени за услугите за хигиена и техничко одржување.

remenski

Инаку, вчера Ременски рече дека лицата кои во понеделникот протестираа пред Министерството за труд и социјална политика никогаш не работеле во ресорното Министерство и не биле ангажирани по никаков договор за извршување работа поврзана со грижата за хигиената во кампот „Винојуг“ – Гевгелија.

Ангажманот на тие луѓе е направен од Јавното комунално претпријатие „Гевгелија“ и од градоначалникот на општина Гевгелија, кои без никаков акт за договор, кој ќе ги регулира правата и обврските, ги ангажирал за одржување хигиена во кампот „Винојуг“ – Гевгелија и ги известил дека од 1 март тие веќе не се на работа, рече Ташевска Ременски.

Оваа изјава на Ременски во целост е спротивна на документот што отпуштените работници денес го покажаа во медиумите во кој јасно стои дека на министерката и било наложено да им го продолжи договорот на вработените и докажува дека технички назначената министерка не ги почитува одлуките на Владата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.