среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 49

Телеграф.мк: Ременски ги остави мигрантите без греење

Иако Министерството за труд и социјала има добиено грант од Банката за развој при Советот на Европа, во износ од 2 милиони евра во почетокот на ноември оваа година токму за овие намени, до денес Ременски ги нема завршено постапките за да овозможи достоинствени услови, греење и затоплени шатори и објекти во транзитните центри, јавува порталот Телеграф.мк.

shatori-deca-begalci

Последни вести

Како што пишува порталот, технички назначената министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, еден месец ги нема подмирено обврските на Министерството за обезбедување електрична енергија за затоплување на објектите во транзитните центри на северната и на јужната граница.

ФОТО: Телеграф.мк, Влатко Перковски

ФОТО: Телеграф.мк, Влатко Перковски

Поради неажурноста на Ременски илјадници сириски мигранти, меѓу кои има жени и деца се смрзнуваат во прифатните центри.

Според изјавите на лицата што се присутни во прифатните центри, состојбата таму е критична.

remenski

Исто така греење нема ниту на северната граница во кампот во Табановце. Три големи шатори и 20 ИКЕА-куќички, со вкупен капацитет за 1.000 луѓе, се незатоплени.

Во кампот во Гевгелија нема греење во дури 5 големи шатори и десетина  куќички со капацитет за над 1.000 лица, кои  се целосно незатоплени и греење има само во малиот шатор на УНИЦЕФ.

Најчитани вести