понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 32

Ременски продолжува со целосна партизација на Центрите за социјална работа

Иако Управниот суд донесе решение за времена мерка за суспендирање на одлуките на техничката министерката за труд и социјална политика во однос на претходните решенија за разрешување директори на Центри за социјална работа и јавни установи и во тек е жалбена постапка пред Вишиот Управен суд, Ременски продолжува со премолчено реваншистичко разрешување и партизација на институциите во ресорот на труд и социјална политика, пишува „Курир“.

remenski

Поврзани вести

Иако Управниот суд донесе решение за времена мерка за суспендирање на одлуките на  техничката министерката за труд и социјална политика во однос на претходните решенија за разрешување директори на Центри за социјална работа и јавни установи и во тек е жалбена постапка пред Вишиот Управен суд, Ременски продолжува со премолчено реваншистичко разрешување и партизација на институциите во ресорот на труд и социјална политика, пишува „Курир“.

Уште шест  директори на Центри за социјална работа како и двајца директори на Јавни установи ( Јавна установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и Јавна установа Детски дом “ 11 Октомври”) денес се разрешени од страна на техничката министерка за труд за социјална политика назначена за спроведување на предвремените избори, Фросина Ташевска Ременски.

Причините поради кои се разрешени се небулознои, незаконски па дури и патетични при што се јасно се гледа решеноста на Ременски за партиски чистки и одмазди. Она што нејзиниот претседател Заев го најавуваше дека ќе јадат живи луѓе и ке бркаат од работа од директори до хигиеничари, техничката министерка Ременски слепо го спроведува, кршејки закони и процедури, пишува порталот.

Директорите на Центарот за социјални работи во Куманово, Свети Николе,Кавадарци и Јавна установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми се разрешени поради истите причини како и претходните разрешени директори, односно поради  „непотпишување на менаџерски договори“.

Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов покрена тужба до Управниот суд кој донесе мерка за суспендирање на одлуките на  техничката министерка за труд и социјална политика во однос на решенија за разрешување директори на Центри за социјална работа и јавни установи. Оваа одлука техничката министерка не ја почитува.

Директорите на Центрите за социјална работа од Гевгелија и директорот на  Јавна установа Детски дом “ 11 Октомври”се разрешени за наводно недоставување на годишен финансиски извештај иако постојат докази истите се уредно испратени и доставени во министерството за труд и социјална политика. Со овие факти причините за разрешување се небулозни.

Смислено сценарио е направено со разрешувањето на директорот на Центарот за социјални работи Битола каде за причина се зело за наводен недостаток на документација во предмети за остварување на право на социјална и постојана парична помош, иако директорот воопшто не добил повратен записник од надзор со цел да се произнесе или даде забелешки, со што постапката по надзор сеуште не е завршена и конечна и не може да биде причина за разрешување.

Најдалеку е отидено со разрешувањето на директорот на Центарот за социјална работа од Крива Паланка каде наводно е константирано недостаток на документ за доделување на еднократна парична помош а притоа директорот воопшто не добил записник од надзорот со цел да се изјасни или даде забелешки. Директорот е разрешен бидејќи доделил 2000 денар еднократна помош на единаесетчлено семејство во социјален ризик.

Спасов: Повторно е прекршен Законот за социјална заштита

„Курир“ побара став од дополнителниот заменик министер, Диме Спасов кој изјави дека  повторно е прекршен Законот за социјална заштита, Законот за Влада.

Спасов: Повторно е прекршен Законот за социјална заштита

Спасов: Повторно е прекршен Законот за социјална заштита

Спасов најави дека ќе бидат поднесени нови тужби против техничката министерка за незаконско и несовесно работење како и за прекршување на административните процедури.

И во овој случај ќе ги искористам сите правни средства за спречување и докажување на незаконското, несовесно и нестручно работење од страна на Фросина Ременски. Техничката министерка прави кадрови разрешувања со што дополнително се внесува хаос во функционирањето на министерството. Вакво противзаконско разрешување и реваншизам не се памети, изјави Спасов за „Курир“.

Против Фросина Ременски во тек е и кривична пријава за назначување на в.д директор на ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци спротивно на условите предвидени во Законот и Статутот на институцијата.

Најчитани вести