петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 65

Ременски ретерираше под притисокот на СОНК, ја повлече спорната наредба до градинките

Откако Синдикатот на образованието, науката и културата се заканија со штрајк и протест МТСП поради скандалозната и противзаконската одлука на Ташевска Ременски за 40 часовно работно време во градинките, денес во писмен допис до градинките техничката министерка смешно и патетично ја правда “својата великодушна намера” и соопштува дека работното време нема да се менува односно останува онакво како што е пропишано во Законот за заштита на деца и Колективниот договор.

сонк

Поврзани вести

Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски ja повлече срамната наредба до градинките со која наложуваше 40 часовно работно време за вработените. Во дописот кој повеќе наликува на ефтин политички памфлет Ташевска Ременски очајно се обидува да се ослободи од вината.
 
Со своите политички мотивирани и незаконски постапувања до крајна мера ги заостри односите со еден од репрезентативните синдикати во државата. Очигледно е дека во очи на одржувањето  на предвремените парламентарни избори Ташевска Ременски настапува од политичка позиција и преку незаконски постапки и наредби, недоволно познавајќи ги законите и ресорот кој го води, сака да води црна кампања и партиска кампања во корист на партијата која ја претставува.
Таков е случајот со градинките и илјадниците вработени во нив на кого техничката министерка минатата недела  им испратила емаил со која наложува работното време да им биде 40 часа спротивно на Законот за заштита на деца, Колективниот договор и Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца. Во законите е регулирано тие што имаат непосредна работа со деца да работат 35 часа (седум дневно) ако се негуватели, односно 30 часа (шест дневно)ако се воспитувачи.
 
Техничката министерка тој чекор го правдаше со паушални и непоткрепени обвинувања за наводно несовесно вршење на работните обврски од страна на вработените. Притоа изрече навредливи клевети против вработените за партизираност односно присуство на партиски активности за време работа.
 
Во одбрана на законите и на честа и достоинството на вработените изминатата сабота реагираше со прес конференција претседателот на СОНК, Јаким Неделков. Неделков се повика на Законот за заштита на деца, Колективниот договор за детска заштита и Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца во кои  стои дека работното време за негуватели е 35 часа односно 30 часа за воспитувачи а за административно-техничкиот персонал е 40часа. Со наредбата, рече Неделков, се барало од директорите на градинките да доставуваат електронски извештаи за дневно присуство на вработените или ќе биле парично казнети – и тие, и установата. Според  него, тоа е  заплашување и ја повика министерката да ја повлече наредбата. 
 
СОНК го осуди однесувањето на техничката министерка и заканите до директорите на градинките со парични казни за непочитувањето на нејзината незаконска наредба и за навредливите зборови за целата фела. Притоа синдикатот нагласи дека ако не биде повлечена спорната наредба  СОНК ќе организира протести пред министерството за труд и социјална политика како и дека ќе ги информира странските амбасади.
 
Од министерството за труд и социјална политика реагираа со реакција во која наведоа дека:со договорот за вработување, вработените во ЈОУДГ кои се со полно работно време, работното време изнесува 40 часа во неделата и дека  по изршените инспекциски надзори во периодот од месец септември до месец ноември 2016 година од страна на инспектори при Секторот за инспекциски надзор на социјалната заштита и заштита на децата,  беше констатирано дека во дел  од јавните установи за деца детски градинки не се почитува работното време согласно со член 67 од Законот за заштита на децата а во врска со член 116 од Законот за работни односи и член 27 од Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на децата и во дејноста одмор и рекреација на децата.
 
Денес техничката министерка испратила нов допис до градинките во кој ја правда нејзината наредба и во кој душебрижнички ги објаснува нејзините мотиви.  Во овој допис контрадикторно Ташевска Ременски објаснува дека работното време не се менува.
image-0-02-05-7dddc4a2bbe49698bb7e8f305b566fbdc2e08ca8ab97edaa65cdcd794d367e47-v
Евидентно е дека под притисок на синдикатот и соочена со аргументите Ташевска Ременски ја смени првичната одлука иако гневот за заканите и навредите кон директорите и вработените во градинките не стивнува.
Техничката министерка во свој мандат стана препознатлива по насилничко однесување и нетрпеливост кон  различни целни категории. Скоро таа влезе во отворена војна со сојузите на лица со инвалидност а деновиве актуелна е кривичната пријава за скандалот во кој е вмешана Ташевска Ременски a се однесува за насилни смени во Сојузот на синдикати на Македонија.

Најчитани вести