„Ременски сака на грбот на најранливите категории да профитира политички на најподол начин“

Техничкиот министер оди дотаму што на грбот на најранливите категории сака да профитира политички на најподол начин. Ременски грубо ја манипулира јавноста со тврдењето дека прво 2.000 па потоа 1.400 предмети по жалба за отфрлено право и одземено право за социјална парична помош не е одлучувано изминативе девет месеци.

Бројката која е посочена е намерно предимензионирана и доведена во друг контекст. Исто така ве информираме дека секој предмет кој е доставен на потпис до министерот  Спасов  е потпишан во најбрз можен рок и нема предмети кој не ги потпишал.

„Ременски сака на грбот на најранливите категории да профитира политички на најподол начин“
„Ременски сака на грбот на најранливите категории да профитира политички на најподол начин“

Ова меѓу другото се наведува во демантот од Кабинетот на доплнителниот министер за труд и социјална политика Диме Спасов.

Интегрален текст од демантот:

Техничкиот министер за труд и социјална политика, Фросина Ременски, својата неспособност за менаџирање на министерството  и реализација на проектите во интерес на граѓаните, се обидува да ја компензира  со измислување на “афери” без никаква суштинска основа. Очигледно е дека се работи за партиска насока да одржува небулозни прес конференции без факти и аргументи, непроверени и паушални информации и обвинувања. Фросина Ременски намерно и свесно прави застој во решавањето на предмети по жалба. Јавно ја прашуваме колку предмети реши таа во еден месец министерување? Зошто избегнува да ја информира јавноста, туку се крие позади смислени и оркестрирани напади. Сега ја има одговорноста кај себе. Вршењето министерска функција значи отчет пред граѓаните, а не држење партиски пресови во сала за прес конференции  на државна институција.

Техничкиот министер оди дотаму што на грбот на најранливите категории сака да профитира политички на најподол начин.

Ременски грубо ја манипулира јавноста со тврдењето дека прво 2.000 па потоа 1.400 предмети по жалба за отфрлено право и одземено право за социјална парична помош не е одлучувано изминативе девет месеци. Бројката која е посочена е намерно предимензионирана и доведена во друг контекст. Исто така ве информираме дека секој предмет кој е доставен на потпис до министерот  Спасов  е потпишан во најбрз можен рок и нема предмети кој не ги потпишал.

Ова тврдење не соодвествува со вистината, бидејќи обработените предмети ги доставува надлежниот сектор во министерството до министерот за труд и социјална политика и потоа министерот ги потпишува.

При примопредавање на функцијата, министерот Спасов остави решени над 10,000 решени предмети, решени се и над 40.000 предмети за еднократен отпис на долгови преку министерството за труд и социјална политика.

Доколку техничкиот министер Фросина Ременски откако стапи на функцијата, се посветеше на решавање на предметите, досега ќе беа решени барем 1.000 предмети.

Министерството за труд и социјална политика на дневна основа има десетици  предмети а бројката на нови  предмети во второстепена постапка само периодот откако е назначена техничката министерка Ременски има достигнато над 230 предмети, при што речиси ниту еден предмет не е решен од техничката министерка,  што укажува дека техничкиот министер со неговиот кабинет свесно го опструираат процесот на решавање на предмети во интерес на граѓаните,  тенденциозно се прави застој во решавањето на предметите и се покажува само лажна грижа за социјално ранливите категории на грагани.

Ја информираме техничката министерка дека доколку некој службеник вработен во министерството за труд и социјална политика има одредено непостапување секоја странка согласно Закон, има право на претставка до министер за побрзо решавање на предметот, а ако има непостапување од државен службеник и застој на предмети, техничкиот министер Фросина Ременски наместо да изразува лажна загриженост за корисниците, може да покрене иницијатива за одговорност на службениците кои доцнат.

Би сакале да ја информираме јавноста дека во 2006 година, бројот на корисниците на социјалната парична помош беше  над 60.000. Тоа е периодот на Владата на Социјалдемократскиот сојуз кога немаше апсолутно никаква контрола врз остварувањето на правата од социјалната заштита  и кога во голем број ги остваруваа лица без да ги исполнуваат законските услови. Во 2015 година тој број  на корисници  е преполовен, токму поради тоа што системот на контрола е неспоредливо зајакнат.

И поважно бројот на корисници на социјална парична помош е двојно намален поради успешните мерки за вработување кои Владата ги споредува. Пред десетина година социјалната парична помош можеше да се изгуби за безначајна сума.

Фросина Ременски врши невидени политички притисоци преку членови на нејзиниот кабинет кои немаат статус на инспектори а вршат инспекциски надзори.

Секојдневно стигнуваат жалби од вработените од Центрите за социјална работа кои не можат да ги извршуваат своите работни задачи поради притисоците кои ги поднесуваат.

Ременски  ангажира во инспекциски надзори  и членови на нејзиниот кабинет   кои немаат статус на инспектори и истите се водат како членови на кабинетот на технички министер.