Ременски тоне се повеќе и повеќе

Кога нешто сакате да се скрие, кога сте свесни дека сте направиле тежок гаф каков што вие направивте со вашиот груб обид за партизација, тогаш прибежиштето го наоѓате во обидот низ сплет на реченици кои ништо не значат и кои што не претставуваат одговор да го сокриете вашиот срам, напиша заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на својот Фејсбук профил.

Јавноста бара конкретни одговори за вашиот атак на нивната приватност, а вие одговарате зборувајќи за апстракт. Тоа не може да ви помине ниту да ви помогне. Јавноста знае дека дадовте наредба чесни професионалци да бидат цензурирани од партискиот човек Мила Царовска која не е вработена во министерството. Тоа вие го дадовте како наредба и вие ја сносите политичката и моралната одговорност за таквиот срамен чин. Неискуството кое го имате во управување со институција го разбирам, но тоа не е и никако не може да биде оправдување на обидот за кршењето на човековите права кој го направивте, вели Спасов во пораката до Ременски.

Тој и’ порачува на министерката дека институциите не се нејзина своина и дека обидот за притисок врз службите и обидот за партизација кој го прави е срамен.

spasov-mediumi