Ременски го доведе во колапс Министерството за труд и социјала

Вработените и целиот движен и недвижен имот во министерството за труд и социјална политика веќе три месеци се без осигурување поради неодговорноста на техничката министерка и нејзините соработници.

Пред точно два месеци медиумите пишуваа дека техничката министерка за труд и социјална политика оставила без осигурување 2.448 луѓе вработени во министерството, центрите за социјална работи и јавни установи како и 566 корисника сместени во јавните установи и целиот движен и недвижен имот на министерството.

Според информациите до кои дојдовме, вработените, корисниците и движниот и недвижниот имот сеуште се неосигурани. Имотот на инстистуциите не е осигуран ниту од пожар, поплава, а ниту пак од кражба. Пред два дена се случи грабеж во Центарот за социјални работи Бутел, во која непознат сторител влегол преку еден од прозорците и од две канцеларии украл пет куќишта за компјутер и со тоа нанел значителна штета на Центарот за социјални работи.

Во врска со овој случај уредно доставивме прашања до техничката министерка за труд и социјална политика и службите за односи со јавноста во министерството:

  • Kолкава е штетата од кражбата во Центар за социјални работи Бутел?
  • Што се е оштетено?
  • Дали имате осигурување на имотот за центрите за социјални работи?
  • Дали имате договор за осигурување на движен и недвижен имот, осигурување на вработените во министерството и Центарот за социјални работи?
  • Со која осигурителна компанија е потпишан договор за осигурување и кога?

Наидовме на молк и не добивме одговори на прашања кои јавноста има право да ги знае.

Се поставува прашањето кој ќе сноси одговорност за предизвиканата штета во Центарот за социјални работи Бутел и затоа што имотот не е осигуран ниту на институциите во состав, ниту пак на вработените.

Според неофицијални информации од министерството за труд и социјална политика сеуште нема осигурување за околу 2.248 вработени под капата на министерството како и за 40 институции во состав, а постапката за склучување договор е во рок на поднесување на жалба. Тоа значи дека и три месеци во новата година министерството за труд и социјална политика нема осигурување.

Очигледно ова е резултат од кочењето на постапките во министерството за кои многу пати до сега медиумите пишуваа. Ова е само доказ за незаинтересираноста на Фросина Ташевска Ременски за организирање на работата во институцијата како и некадарноста на нејзините соработници.

Со ваквото свое работење, техничката министерка го доведе во колапс овој значаен ресор уште со партизацијата која ја врши со поставувањето на претседател на партиска Комисија со нерешен статус во министерството за увид во податоци на граѓаните, разрешување на директори на Центри за социјални работи и јавни установи и поставување за в.д членови на СДСМ, со отпуштање на 44 Роми од Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија и замена со 36 активисти на СДСМ, именување на сопартијци во рамки на комисиите при министерството за труд и социјална политика.

Сите овие злоупотреби прават граѓаните да бидат крајно револтирани и згрозени од Ременски, како и од тоа што министерството континуирано се наоѓа во целосен хаос.