Реми, Ловрен, Бакали и Иско се следните во списокот на Ливерпул

Раководните лица на англискиот премиерлигаш Ливерпул започнаа со трошење на парите кои беа заработени од продажбата на контроверзниот репрезентативец на Уругвај, Луис Суарез.

Во новата клупска сезона, предводникот на “црвените”, Брендон Роџерс ќе може да располага и со услугите на Лазар Марковиќ, Дивок Ориџи, Рики Ламберт и на Адам Лалана, но списокот со нови фудбалер кои ќе пристигнат на “Енфилд” ќе биде остено зголемен до крајот на следната недела.
Вицешампионот на Англија сигурно ќе биде следната дестинација на францускиот интернационалец од редовите на Квинс Парк Ренџерс, Лорик Реми.
Преговорите помеѓу двата клуба се во завршна фаза, а од продажбата на брзоногиот напаѓач, челниците на новиот премиерлигаш очекуваат заработувачка од најмалку 8.5 мил. евра.
Ливерпул ќе излези како победник и во трката по потписот на хрватскиот интернационалец од редовите на Саутемптон, Дејан Ловрен, чии трансфер е проценет на 20 мил. фунти.
Во следните неколку дена, клупските челници ќе испрата примамлива понуда до стандарниот првотимец во дресот на холандскиот гигант, ПСВ, Закариа Бакали, а понуда но за едногодишна позајмица ќе биде испратена и до резервниот крилен напаѓач на Реал (М), Иско.