Реми на Ливерпул, важни победи на ВБА и Саутемптон

Вест Бромвич Албион и Саутемптон во саботата во 36-то коло од англиската Премиер лига запишаа важни победи во борбата за опстанок, додека Ливерпул против претпоследниот Стоук Сити одигра без голови.

ВБА на гости го совлада Њукасл Јунајтед со 1:0, а победничкиот гол го постигна Метју Филипс во 29 минута. Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ беше двоен стрелец, во 255 и 54 минута за Саутемптон, а погодокот за Борнмут го постигна во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме Џошуа Кинг,

По блескавата победа во полуфиналето над Рома, Ливерпул одигра само 0:0 кај претпоследниот Стоук. Иако, „редсите“ беа јалови треба да се каже дека во 86 минута беа оштетени кога не беше досуден пенал во нивна ползам откако бекот на домашните Питерс одигра со рака во својот шеснаесетник.

Со истиот резултат заврши и мечот Барнли и Брајтон.

Евертон со головите на Тосун во 39 и Гује во 77 минута на гости беше подобар од Хадерсфилд.

Кристал Палас со високи 5:0 го победи Лестер. Стрелци беа Заха во 17, Мекартур во 38, Лофрус-Чик во 81, ван Анхолт во 84 и Бентеке во 90 минута од пенал.

Вечерва последниот Свонси го пречекува Челзи. Во недела се среќаваат Вест Хем – Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед – Арсенал, додека во понеделник Тотенхем ќе биде домаќин на Вотфорд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.