Реми на Реал и Тотенхем, Сити го совлада Наполи

Актуелниот европски фудбалски шампион Реал Мадрид и англиски Тотенхем одиграа само 1:1 на „Сантјаго Бернабеу“ во средбата до 3-то коло на Групата Х во Лигата на шампионите, а со идентичен резултат заврши и дуелот меѓу АПОЕЛ и Борусија Дортмунд.

Гостите од Лондон поведоа во 28 минута преку автоголот на Варан, а изедначи Кристијано Роналдо во 43 минута од пенал. Во продолжението од натпреварот имаше низа шанси на двете страни, но вторникот беше ден на голманите Кејлор Навас и Уго Љорис. Интересно е што ова беше петтиот меѓусебен меч на Реал и Тотенхем, и првиот гол кој англискиот гол го постигна против „кралевите“.

Во вториот дуел од групата Х, Борусија Дортмунд во Никозија одигра, исто така, само 1:1 против аутсајдерот АПОЕЛ и се оддалечува од пласманот во вториот круг од натпреварувањето. Домаќинот поведе во 62 минута со голот на Поте, а изедначи пет минути подоцна Сократис Папастатопулос.

На табелата водат Реал Мадрид и Тотенхем со по 7 бодови, додека Борусија Дортмунд и АПОЕЛ имаат по бод.

Во Групата Ф Манчестер сити со 2:1 го совлада Наполи, додека Шахтјор со истиот резултат славеше на гостувањето во Ротердам против Феенорд.

Сити уште во 13 минута имаше предност од 2:0, со головите на Рахим Стерлинг во 9 и Габруеќ Жезус во 13 минута. Домаќинот во 25 минута можеше да дојде и до третиот гол, но Кевин де Брујне од 20-ина метри ја погоди стативата. Наполи во 38 минута имаше одлична шанса да намали, но Дриес Мартинес промаши пенал. Во 73 минута гостите добија уште еден пенал кој го реализираше Диавара. Во завршницата Наполи се обидуваше да изедначи, но без успех.

Во вториот меч од групата, украинскиот Шахтјор со двата гола на Бернардо славеше во Ротрдам. Холандскиот шампион поведе во 8 минута со голот на Стивен Бергуис. Украинците изедначија во 24 минута по одличната акција на Фред кој го проигра Бернардо во средината кој изби пред голманот Вред Џонс лесно го заобиколи и поентираше за 1:1. Истиот играч во 54 минута ги доведе гостите во водство и до победа, иако од 75 минута играа без исклучениот Ракитски. Досега Шахтјор имаше четири порази од Феенорд со гол-разлика 3:10, и ова е негова прва победа над холандскиот итм.

На табелата води Манчестер Сити со максималните 9 бодови, Шахтјар е втор со 6 бодови, Наполи има 3 а Феенорд е последен без бодови.

Во Групата Е Ливерпул на гостувањето кај словенечки Марибор постигна дури 7 голови без да прими ниту еден. „Редсите“ целата работа ја завршија во првото полувреме кога постигнаа четири голови, преку Фирмињо во 4, Кутињо во 12 и Салах во 19 и 40 минута. Во продолжението на натпреварот, меѓу стрелците повторно се впиша Фирмињо во 54, Оксланд-Чемберлејн погоди во 86 и Александер Арнолд во 90 минута.

Голеада видоа и гледачите во Москва, каде што Спартак ја декласираше Севиља со 5:1. Јунак на мечот беше Холанѓанецот Промес кој постигна два гола и имаше уште две асистенции. Спартак поведе преку Промес во 18 минута, а изедначи Симон Кјаер во 30 минута. Рускиот тим до водството стаса во 59 минута преки Малгареј, а Глушаков во 67 минута го приближи Спартк до победата. Сите дилеми ги разреши Луис Адријано во 75 минута за 4:1 а до крајот гол постигн аи Промес во 90 минута.

На табелата водат Ливепрул и Спартак со по 5 бодови, Севиља има четири, а Марибор еден бод.

Во Групата Б Бешикташ ја забележа третата победа совладувајќи го на гости Монако со 2:1. Радамел Фалкао го доведе Монако во водство во 30 минута, но само четири минути подоцна изедначи Ченк Тосун. Истиот играч во 54 минута погоди за 2:1 и направи целосен пресврт. Досега Бешикташ на сите четири гостувања во Франција беше поразуван, и ова му е првата победа таму.

РБ Лајпцг и Порто одиграа фантастично прво полувреме, но во продолжението мрежите мируваа. На крајот беше 3:2 за германскиот тим. Головите за Лајпциг ги постигнаа Вили Орбан во 6, Емил Форсберг во 38, Жан-Кевин Аугустин во 41, а за гостите Винсент Абубакар во 18 и Маркано во 44 минута.

На табелата води Бешикташ со 9 бодови, Лајпциг има 4, а Порто 3 бода, додека Монако има еден бод.