Реми на Селта и Валенсија

Во саботните натпревари од 34-то коло на шпанското фудбалско првенство Селта и Валенсија ремизираа со резултат 1:1, додека Хетафе на гости со 1:0 го совлада Еибар.

Валенсија не успеа да победи во Виго, па и натаму со 66 бодови заостанува зад третопласираниот Реал Мадрид два бода кој има и меч помалку. „Лилјаците“ поведоа со голот на Санти Мина во 59, но за селата израмни Гомез во 63 минута. Селта, пак, се одржа на половината на табелата, 10-та е со 45 бодови.

Хетафе продолжи со серијата победи, а со голот на Оливера во 23 минута дојде до осмото место со 48 бодови, па три бода го делат од позицијата којашто води во европските натпреварувања. Ејбар со 43 бодови остана на 12-то место.