Реми не го помина лекарскиот преглед

Францускиот интернационалец од редовите на Квинс Парк Ренџерс, Лорик Реми, нема да бид најнова летна аквизиција на големиот ривал од англиската Премиер лига, тимот на Ливерпул.

Брзоногиот напаѓач пред неколку дена пристигна во САД за да го финализира најавениот трансфер, но на големо изненадување, Реми не ги помина задолжителните лекарски прегледи.
Раководните лица на Ливерпул потврдија дека задолжителниот лекарски преглде траел подолго од очекуваното пораи неочекуваните компликации со здравствената состојба на францускиот интернационалец.