Реми со горчлив вкус за Манчестер Јунајтед и Барселона

Без победник и со идентичен резултат, 1:1, завршија првите 1/4 финални натпревари од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Актуелниот бранител на тронот, германскиот гигант Баерн (М) одигра одлично во поголемиот дел од натпреварот, но таквата игра на крајот не се покажа како доволна за да избраниците на Пеп Гвардила забележат позитивен резултат во пресметката против шампионот на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед.

Домаќинот прв дојде во водство со погодокот на српскиот интернационалец Немања Видиќ, но само неколку минути подоцна, поточно во 67 минута, Баерн (М) израмни со погодокот на одличниот играч за врска, Бастијан Швајнштајгер.

Во самиот финиш од натпреварот, стрелецот на израмнувачкиот погодок заработи втор жолт картон.

Фудбалерите на Атлетико (М) треба да бидат пресреќни што првиот дуел против каталонскиот гигант Барселона, одигран на “Ноу Камп” заврши без победник.

Единствениот погодок, кој инаку беше вистинско ремек-дело, го постигна Диего.

Погодокот кој влева надеж дека Барса ќе избори пласман во полуфиналната рунда беше дело на последната милионска аквизиција, Нејмар.