Реми во Кратово, минимални победи за Академија Пандев и Победа

Вонеделните средби од првото коло на македонското фудбалско првенство, Силекс и Шкупи одиграа 1:1 во Кратово, прилепска Победа славеше против струмичка Беласица со 1:0, додека Академија Пандев триумфираше со 2:1 против новиот прволигаш Македонија ЃП.

Новиот шампионат во ПМФЛ вчера беше отворен со дербито во Тетово, Шкендија и Вардар 2:2. Во Скопје, пак, Работнички загуби од Ренова со 3:4.