Ремзи продолжува да “елиминира” познати луѓе низ светот

Проклеството наречено “Арон Ремзи” продолжува. Кога фудбалерот на Арсенал ќе постигне гол сите славни личности во светот треперат бидејќи Велшанецот го бие глас дека кога ќе ја затресе мрежата на ривалот некоја планетарна ѕвезда го напушта овој свет.

Списокот на “жртви” на фудбалерот е се поголем, а ново име на него е Дејвид Боуви. Познатиот музичар почина во неделата а Арон Ремзи ден порано постигна гол во победата на Арсенал над Сандерленд во ФА Купот.

Приказната за проклетството датира од 2011 година. Ремзи почна да погодува, а починаа Осама Бин Ладен, Муамер Гадафи, Стив Џобс и Витни Хјустон. Фудбалерот во 2013 година против Виган даде гол а 24 часа подоцна умре водачот на аргентинската воена хунта, Хорхе Видела. Истата година Ремзи погоди против Кардиф токму кога во сообраќајна несреќа настрада актерот Пол Вокер.

Велшанецот на 11 август 2015 година му даде гол на Сити, а утредента актерот Робин Вилијамс изврши самоубиство.