Рената Дескоска заминува од Образование, ќе биде нов министер за правда?

Актуелната министерка за образование Рената Дескоска, ќе ја задржи функцијата, но ќе направи трансфер, па така, од Министерството за образование, ќе седне на челната позиција во Министерството за правда, неофицијално објавува „Фокус“, побикувајќи се на сопствени добро упатени избори.

Шпекулациите се дека на министерската фотелја во образование ќе седне кадар на ДУИ, а заменичкото место ќе го добие СДСМ, кое се уште не е пополнето.

Сепак, министерката Дескоска за „Фокус“ вели дека досега никој не и спомнал за таква промена, поради што вели дека станува збор за шпекулација.

Пред десетина дена и премиерот  Зоран Заев најави дека е можна реконструкција на владата, односно доколку за министер за здравство биде избран кандидат кој не доаѓа од Алијансата за Албанците.

Почнавме разговори со коалиционите партнери, се надеваме дека до крајот на оваа седмица ќе можеме да донесеме одлука. Сите опции се отворени, во моментов ниту јас знам кое ќе биде името, од која политичка партија, кој ќе биде избран од кандидатите- рече премиерот Заев пред десет дена.

Министерското место се испразни откако Арбен Таравари стана градоначалник на Гостивар. Но, не станува збор само за местото на Таравари. Исто така и министерот без ресор, Рамиз Мерко од ДУИ, беше избран за градоначалник на Струга, а заменик министерот за образование Висар Ганиу од ДУИ за градоначалник на Чаир. Од двете партии засега нема најави кои лица ќе го ги пополнат нивните позиции.

Неофицијалните информации на НетПрес велат дека ДУИ го бара министерското место во транспорт и врски. Според нашите извори, голема е веројатноста да го добие, бидејќи Горан Сугарески, сакал да си замине оттаму.

Инаку за можна реконструкција на владата НетПрес објави уште пред околу еден месец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.