Македонија

Рената Тренеска Дескоска е избрана за потпретседател на Собранието

Рената Тренеска Дескоска е избрана за потпретседател на Собранието
СДСМ ја предложи Рената Треневска Дескоска за потпретседател на Собранието

Со 86 гласа „за“ и еден „против“ Рената Тренеска Дескоска е избрана за потпретседател на Собранието на предлог на пратеничката група предводена од СДСМ.

По гласањето Тренеска Дескоска даде свечена изјава дека совесно, одговорно и согласно законите и Уставот ќе ја извршува оваа функција.

Пратеникот Горан Мисовски кусо образложи дека Тренеска Дескоска е позната во општествениот и политичкиот живот, професор е на Правниот факултет, доктор на науки, автор и коавтор на преку 30 книги и сто трудови. Изрази надеж дека таа ќе води некои од седниците на Парламентот.

Мисовски повтори дека враќањето на опозицијата во Собранието е само поради постигнатиот договор во Пржино и се наврати на причините поради кои опозицијата дури на 1-ви септември се приклучи во работата на Собранието.

Овој парламентарен состав ќе мора да донесе нов изборен закон, законско решение за специјален обвинител и да изгласа специјален обвинител и да изгласа оставка на Никола Груевски, рече Мисовски, пренесе МИА.

Според пратеникот на НСДП,  владејачкото мнозинство не ја научило лекцијата од 24-ти декември и како што нагласи во последните неколку месеци по скратена постапка се донесени 289 закони.

Димовски: Во мандат на ВМРО-ДПМНЕ  изгласана обврската еден од потпретседателите да биде избран по предлог СДСМ

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски посочи какви закони се донесени во периодот додека опозицијата отсуствуваше од Парламентот, а кои се однесуваат за подобрување на животот на граѓаните.

Димовски: Во мандат на ВМРО-ДПМНЕ  изгласана обврската еден од потпретседателите да биде избран по предлог СДСМ
Димовски: Во мандат на ВМРО-ДПМНЕ изгласана обврската еден од потпретседателите да биде избран по предлог СДСМ

Она што од вас го видовме е како мирно стоевте на прес-конференциите на лидерот на опозицијата Зоран Заев, а патем земавте плата од Собранието, реплицираше Димовски.

Димовски, меѓу другото потсети дека во мандат кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, во Собранието е изгласана обврска еден од потпретседателите да биде избран по предлог на најголемата опозициска партија.

Тоа зборува за демократичност и за пристап кон работата. Врз база на таа наша одлука и врз база на конзистентност на нашите одлуки пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе гласа за предлогот на СДСМ за потпретседател на Собрание да биде колешката Рената Тренеска Дескоска иако врз база на нашето искуство со претходните потпретседатели или претходните претседатели на комисии и на работни тела во Собранието често бевме доведени во ситуација функциите коишто се доделени на пратеници од опозицијата да бидат злоупотребувани заради блокада на закони, заради деструктивно однесување, заради обиди да не се донесе буџет на државата, често дел од пратениците беа во улога на директни извршители на напад врз свои колеги пратеници и врз институцијата претседател на Собрание, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај тоа што  Рената Тренеска Дескоска е избрана за потпретседател на Собранието, во рамки на седницата беа изгласани и одлуките за пополнување на испразнетите места во собраниските комисии и тела од страна на пратеници на опозицијата.

Собранието го одржа продолжението на 4-та седница на која се констатира повлекувањето на оставките на пратениците од опозицијата.