Ренци ќе каже НЕ на Буџетот на ЕУ

пренци

Италијанскиот премиер Матео Ренци денеска се закани дека Рим би можел да стави вето на новиот Буџет на ЕУ, затоа што, како што рече, нејзините европски партнери ја оставиле Италија сама да се справува со напливот на мигранти.

– Ние даваме 20 милијарди евра на ЕУ, а таа ни враќа 12. Ако Унгарија, Чешка и Словачка не сакаат да покажат морал во врска со мигрантите, тогаш дозволете и на Италија да каже дека механизмот (за финансирање на ЕУ) повеќе не функционира, изјави Ренци за италијанската државна телевизија РАИ Уно.

Прашан дали тоа значи дека Италија е подготвена да стави вето на буџетот на ЕУ, Ренци кусо одговори: „Да, апсолутно“.

– Оној што гради ѕидови за мигрантите, може слободно да заборави на италијанските пари. Ако не може да поминуваат мигрантите, нема да поминуваат ни парите, изјави Ренци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.