Ренци: Верувам дека ќе се најде решение за украинската криза

Италијанскиот премиер Матео Ренци изјави дека искрено верува во позитивно решение за конфликот во Украина по разговорот во кој учествуваа рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Петро Порошенко и европските лидери во Милано.

Путин изјави дека состанокот бил добар и позитивен.

Британскиот премиер Дејвид Камреон изјави дека Путин ги уверувал другите лидери дека Русија не сака поделба на Украина или ќе го замрзе конфликтот.

Состанокот следел по неколкучасовниот разговор меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и Путин на кој се покажало дека постојат огромни и сериозни разлики во ставовите околку кризата во Украина.

Од почетокот на конфликтот меѓу владините сили и проруските сепаратисти убиени се повеќе од 3.660 луѓе.