Ренџерс, Селтик и Бешикташ минаа, Базел падна, Ф91 за историјата

Фудбалерите на Ренџерс и Селтик од Глазгов, РБ Лајпциг, петербуршки Зенит и истанбуслки Бешиктап изборија пласман во Лига Европа или Европската лига, изненадување приреди кипарски Аполон Лимасол кој го елиминираше реномираниот швајцарски Базел, додека Ф91 Дуделанж стана првиот клуб од Луксмебург кој се пласирал во групна фаза од некој европски куп.

Ренџерс се квалификуваше во Европската лига откако на гостувањето во Русија одигра 1:1 против Уфа со што ја одбрани победата од 1:0 од првиот меч на домашен терен. Ренџерс натпреварот го заврши со двајца играчи помалку и одвај се протна.

Драматично беше и во Лајпциг каде РБ Лајпциг во судиското продолжение дојде до победата од 3:2 против украинска Зарја и мина откако првиот нивен дуел заврши без голови.

Селтик немаше многу пробломи со литванска Судова, по гостинските 1:1, а на својот терен славеше со 3:0.

Зенит успеа да ја сочува победата од 3:1 од Санкт Петербург од првиот меч против норвешки Молде и покрај поразот од 1:2 во реваншот ќе игра во Европската лига.

Вториот норвешки претставник Сарпсборг имаше повеќе среќа и го елиминираше Макаби од Тел Авив и во своите први европски квалификации успеа да избори место во фазта по групи. Норвежаните во Израел беа поразени со 1:2, но ја одбранија победата од 3:1 од првиот меч.

Кипарски Аполон Лимасол приреди изненадувањео елиминирајќи го Базел. Откако Швајцарците во првиот меч славеа со 3:2, Аполон во реваншот победи со минимални но доволни 1:0.

Голем подвиг направи Ф91 Дуделанж станувајќи првиот луксембуршки клуб кој се пласирал во фазата по групи од едно европско натпреварување. Дуделанж и двата натпревара со романски Клуј ги доби, дома со 2:0 а на гости со 3:2.

ФК Копенхаген и Аталанта не постигнаа гол ниту во двете регуларни средби, ниту во продолженијата од реваншот, па на крајот се изведуваа удари од белата точка. Подобри беа Данците со 4:3.

Бешикташ очекувано го совлада белградски Партизан со 3:0, откако првиот меч во српската престолнина заврши 1:1.

Откако првиот меч заврши без голови, Бордо на свој терен со 2:0 го совлада Гент. За разлика од Гент, вториот белгиски претставник Расинг Генк и на двата дуела со Брондби беше убедлив – дома со 5:2 и на гости со 4:2.

Во последниот меч вечерва Севилја осо 3:0 ја совлада чешка Сигма, откако и во првиот меч беше подобра со 1:0

Уфа (Рус) – Ренџерс (Шко) 1-1 (вкупно 1-2)
Астана (Каз) АПОЕЛ (Кип 2-1 11м (1-1)
АЕК Ларнака (Кип) – Тренчин (СЛК) 3-0 (вкупно 4-1)
РБ Лајпциг (Гер) – Зарја (Укр) 3-2 (вкупно 3-2)
ФК Копенхаген (Дан) – Аталанта (Ита) 4-3 11м (Вкупно 0-0)
ЦФР Клуј (Рум) – Ф91 Дуделанж (Лук) 2-3 (Вкупно 2-5)
Карабаг (Азе) – Шериф (Мол) 3-0 (вкупно 3-1)
Лудогорец (Буг) – Торпедо Кутаиси (Гру) 4-0 (вкупно 5-0)
Аполон (Кип) – Базел (Шва) 1-0 (вкупно 3-3, Аполон оди натаму)
Макаби Тел Авив (Изр) – Сарпсборг 08 (Нор) 2-1 (Вкупно 3-4)
Молде (Нир) – Зенит (Рус) 2-1 (вкупно 3-4)
Мидтиланд (Дан) – Малме (Шве) 0-2 (вкупно 2-4)
Бешикташ (Тур) – Партизан (Срб) 3-0 (вкупно 4-1)
Шекндија (Мак) – Розенборг (Нор) 0-2 (Вкупно 1-5)
Спартак Трнава (Слк) – Олимпија (Сло) 1-1 (вкупно 3-1)
ФЦСБ (Рум) – Рапид Виена (Авт) 2-1 (вкупно 3-4)
Бондби (Дан) – Генк (Бел) 2-4 (вкупно 4-9)
Бордо (Фра) – Гент (Бел) 2-0 (2-0 вкупно)
Барнли (Анг) – Олимпијакос (Грц) 1-1 (вкупно 2-4)
Селтик (Шко) – Судува (Лит) 3-0 (вкупно 4-1)
Севилја (Шпа) – Сигма (Чеш) 3-0 (вкупно 4-0)