„Рено лагуна“ удрило во велсипедист, па се забило во дрво

На патот Тетово-Јажинце, кај селото Доброште, синоќа во 1.30 часот се случила сообраќајна несреќа во која петмина се повредени, од кои двајца потешко

Според тетовската полиија автомобил марка „рено лагуна“ удрил во 17-годишниот велосипедист А.Ќ., а потоа изгубил контрола и се забил во ореово дрво покрај патот.

Со автомобилот управувал 23 годишниот Б.И. од селото Пршовце. Со повреди се здобиле велосипедистот, возачот како и трите сопатници во автомобилот на возраст меѓу 17 и 23 години. Повредените веднаш биле пренесени во тетовската клиничка болница. Возачот на „реното“ и неговиот сопатник А.И. поради сериозноста на повредите итно биле пренесени на скопските клиники. Сите други повредени лица по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување, пишува „Дневник“.

Според првичните сознанија на тетовската полиција, причина за сообраќајната несреќа е неприлагодена брзина на возилото. Вкупната материјална штета се проценува на 80.000 денари.