Ренова со бод си замина од Скопје

Ренова освои бод во Скопје против првиот фаворит за трофејот Вардар. Но и со овој кикс „црвено-црните“ остануваат лидери со 15 бода, пред Пелистер со 13. Фудбалерите на актуелниот шампион Работнички ја победија Брегалница во Штип со 2-1 и потврдија дека нема лесно да се откажат од одбрана на титулата во македонското првенство. Тоа всушност беше и единствената победа на гостински тим во седмото коло од Првата лига. Битолчани на домашен терен го декласираа Тетекс со 3-0 и го оставија закован за дното на табелата со два бода. Со идентичен резултат Шкендија му го нанесе првиот пораз на Силекс.

Тетовци имаат 11 бода, идентично како и Металург, екипа што загуби од Турново на гости со 0-1. Силекс е третопласиран со 12 бода, пред Работнички и Турновио со по 10, Ренова со 9 и Брегалница со 3. Последен е Тетекс со два бода.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.