Реновиран Центарот за дијабетес

Реновирани просториите каде се наоѓа Центарот за дијабет.

Секојдневно во Центарот за дијабет на скопските клини се третираат околу 120 пациенти, а бројот на дијабетичари во земјава постојано расте. Пет до шест отсто, односно 150 илјади лица имаат зголемено ниво на шеќер во крвта, а околу 50 илјади од нив земаат инсулинска терапија.

Министерот за здравство Никола Тодоров најави воведување на нова метода за третман на лицата со дијабет, односно тенкоиглена биопсија на тироидна и паратироидна жлезда, со која ќе се подигне квалитетот на здравствените услуги.

Вкупната реконструкција на објектот каде сега е сместен центарот за дијабет чини околу 2,5 милиони денари.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.