Реновирани Телеком продавниците во Гостивар и Охрид

Реновирани Телеком продавниците во Гостивар и Охрид. Двете продавници нудат интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците.

Македонски Телеком денеска ја пушти во употреба реновираната продавница во Гостивар, којашто нуди атрактивен, модерен и пред сè пријатен амбиент за корисниците. Со реновирањето, Телеком продавницата во Гостивар доби сосем нов современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух преку прикажување на историски моменти, објекти, личности или современи мотиви карактеристични за поднебјето, односно градот.

telekom-prodavnici-1

Освен во Гостивар, Македонски Телеком вчера ја отвори и реновираната продавница во Охрид. Реновираните Телеком продавници во Гостивар и Охрид овозможуваат одличен преглед на понудата и нудат нов продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците, коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на компанијата.

Македонски Телеком на денот на отворањето на реновираните продавници во Гостивар и Охрид подготви одлична промотивна понуда, при што секој корисник којшто потпиша нов или го обнови својот претплатнички договор, имаше можност да купи таблет од брендот Самсунг и Тесла со попуст од неверојатни 60 отсто.