Македонија

Се реновираат Центрите за социјална работа Прилеп и Битола

Се реновираат Центрите за социјална работа Прилеп и Битола
Се реновираат Центрите за социјална работа Прилеп и Битола

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес ги посети Центрите за социјална работа во Прилеп и Битола, кои се во фаза на реконструкција.

Спасов во изјава за медиумите пред Центарот за социјални работи Битола изјави дека објектот е стар повеќе од 30 години и е започната негова целосна реконтрукција и реновирање.

-Градежните активности се во интензивна фаза. Имено овој проект е дел од Проектот на Владата на Република Македонија за реновирање на Центрите за социјaлна работа. Би сакал да истакнам дека досега ја завршивме првата фаза односно целосно реновиравме и пуштивме во употреба четири Центри за социјална работа. Овој Центар за социјална работа во Битола е дел од втората фаза, која што ги опфаќа Центрите за социјална работа во Крушево и во Демир Хисар коишто се целосно завршени и со реновирање и со комплетно опремени со нова опрема и во фаза на реализација и реконструкција се Центрите за социјална работа се овде во Битола, во Прилеп, Охрид и набрзо ќе почнат градежните активности и во Гевгелија и во Штип, рече Спасов и продолжи:

-Се очекува втората фаза од проектот да заврши во септември-октомври оваа година и би сакал да истакнам дека  набрзо во постапка на потпишување на избор на изведувач  за третата фаза од проектот за реновирање на Центрите за социјална работа со кој што ќе се опфатат дури 30 објекти, односно 18 центри за социјална работа и 12 дневни центри за деца со пречки во развојот со  што практично 95% од обектите под Центрите за социјална работа ќе ги опфатиме и целосно ќе ги реновираме”.

За овој центар за социјални работи обезбедени се околу 9.000.000 денари преку Светската банка за целосно негово реновирање, менување на прозорците, нов под, нови санитарни јазли, опрема, мебел и фасада која што ќе биде енергетски ефикасна.

-Очекувам и понатаму да продолжат градежните активности и овој Центар кој што е стар повеќе од 30 години овој објект да добие еден современ и модерен лик и да има едни одлични услови за прием на странките и граѓаните да ги остварат своите права од социјална и детска заштита, заврши Спасов.

Градежните активности за прилепскиот Центар за социјална работа чинат околу 8.000.000 денари и истите се обезбедени од Светската банка. Овој објект ќе биде опремен целосно со нова опрема, мебел, санитарни јазли.