Реновирањето на објектот на УЈП е финансирано од даночните обврзници на ЕУ

Во рамките на вчерашните протести пред објектот на Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Скопје нанесена е материјална штета на делот од објектот кој е предмет на реновирање и адаптација во рамки на Проектот „Подобрување на услугите на УЈП кон даночните обврзници“ финансиран преку предпристапните ИПА фондови на Европската Унија, информираат од УЈП.

ujp-vandali

Оттаму потенцираат дека средствата кои се користат за реновирање и адаптација на овој дел од објектот се обезбедени од сите даночни обврзници на земјите членки на Европската Унија, а за санирање на направената штета и враќање на објектот во претходна состојба, пред неговото официјално отворање и поромоција како финасиски придонес на даночните обврзници на ЕУ, неопходно е користење на дополнителни средства од Буџетот на Република Македонија, односно од даноците кои ги плаќаат даночните обврзници во Република Македонија.

Апелираме граѓаните да внимаваат и да не ги оштетуваат објектите кои се видливо обележани како придонес од даночните обврзници на Европската Унија. Потсетуваме дека Управата за јавни приходи оперативно ја спроведува даночната политика, го води единствениот даночен регистар и даночните евиденции на даночните обврзници, прима даночни пријави, ги утврдува, врши наплата и поврат на даноци, социјални придонеси од плата и други јавни давачки, врши инспекциски надзор, им дава помош на даночните обврзници за исполнување на нивните даночни обврски, го следи и анализира функционирањето на даночниот систем и дава предлози за негово унапредување, соработува со даночни органи од други држави и дава меѓународна правна помош во даночни предмети.Наша стратешка определба е да обезбедиме висок квалитет на услуги за даночните обврзници, поедноставени даночни постапки за навремено и точно исполнување на обврските и праведно и ефикасно собирање на даноците и на другите јавни давачки, се вели во соопштението од УЈП.