Реновирано училиштето „Кузман Шапкарев“ во Драчево

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и Општина Кисела Вода ќе го одбележат крајот на реновирањето на основното училиште „Кузман Шапкарев“ во населба Драчево.

Лентата на реновираното училиште свечено ќе ја пресечат шефот на Канцеларијата за меѓуармиска соработка при Амбасадата на САД, Мајор Џефри Ван Сикл, и градоначалничката на Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.

– Процесот на реновирање, финансиски поддржан од владата на Соединетите Американски Држави преку Европската команда на американската војска (ЕУКОМ), создаде подобрена средина за учење за учениците и ја покажа моќта на заедничката работа преку ангажирање на сите членови на заедницата во процесот, соопшти Општина Кисела Вода.