РЕНС – суплемент кој ги помрднува границите на невозможното

Зоран Дерновшек е изумител по потекло од Словенија, кој живее во Италија, а неговата сопруга, пак, е по потекло од Охрид, кој има неколку вредни изуми, а еден од нив кој според него е најважен за човештвото е суплементот РЕНС (RENS – Rappid Effect Natural Supplement)

Станува збор за формула којашто Дерновшек ја развива четири години, а се базира на алги и хлорофил. РЕНС е суплемент кој се користи во третирање на аутизам и болести кои ги напаѓаат нервните клетки, но исто така тој се користи во третирање и на многу други болести. Еден од начините како РЕНС помага во третман на аутизмот е преку вршење на детоксификација на клетките.

Една од главните улоги на РЕНС-от е зголемена оксигенација на клетките. Ова е многу важно, бидејќи често имунолошкиот систем не може да ги препознае здравите клетки од заболените, односно оштетените клетки ( во кои се кријат бактерии кои лачат токсини) кои би ги нападнал доколку би ги препознал. Со зголемената оксигенација која ја прави РЕНС-от здравите клетки го зголемуваат енергетското ниво многу повеќе од оштетените клетки, па таа разлика во енергетското ниво му помага на имунолошкиот систем да ги препознае и совлада оштетените клетки и замени со нови.

При распадот и дезинтеграцијата на оштетените клетки, биолошкиот дел од клетката се распаѓа во околината во која тие се наоѓаат и ја закиселува. РЕНС делува како природна сода бикарбона т.е. ја неутрализира киселата средина. Остатокот од лошата т.е. оштетената клетка, како, на пример, некои токсини или метали коишто таа може да ги содржи, одат или во крвта или во мозокот. РЕНС ги врзува токсините и ги вади од телото. Тоа е и главната улога на РЕНС, односно прави детоксификација на телото од металите и токсините и на тој начин помага во третман на болестите. Кај голем број од болестите причината се бактериите кои не се откриени од имунолошкиот систем, како и металите или друг вид токсини.

Всушност, Дерновшек РЕНС-от прво почнал да го развива како препарат кој би помогнал во третирање на ракот, и токму со него му има помогнато на свој пријател кој бил заболен. По третманот од половина година и по направената контрола кај својот онколог, немало ниту трага од ракот. Но, сепак, самиот тој кажува дека РЕНС-от не е успешен секогаш во третирање на оваа болест, но исто и вели дека едно е заедничко за сите: им се продолжува животниот век на луѓето коишто заболуваат од рак кога примаат РЕНС, токму поради таа зголемена оксигенација на клетките и неутрализирање на киселата средина.

Дерновшек успеал и успешно да третира жена која имала Хронова болест, каде што има воспаление на цревата, а дел од симптомите се болка во стомакот, дијареа, повраќање, губење на тежина итн.

Други состојби и болести при кои РЕНС-от се покажал ефективен се: аутизам и неуро-дегенеративните болести, третирање на рани за побрзо зараснување, регулација на функцијата на срцето, бубрезите, мозокот, хормоналниот систем, заштита на црниот дроб и детоксификација на организмот преку ели минирање на арсен, хлор, алуминиум, жива, радиоактивни метали, пестициди и други токсини, ја регулира ph вредноста на телото со тоа што ја неутрализира киселоста, има антивоспалително дејство, го освежува здивот и ја елиминира парадентозата, ги релаксира нервите и мускулите и ја намалува анксиозноста и депресијата без негативни последици, го забавува процесот на стареење преку брза регенерација на клетките, ја олеснува менопаузата, исто така помага при ПМС, го стимулира растот на косата и го обновува скалпот, дејствува против надворешни и внатрешни габични заболувања, ја обновува кожата, го зголемува либидото.

Деновиве Зоран Дерновшек е актуелен во Словенија со својот РЕНС поради тоа што момче коешто, меѓу другото, било третиран и со РЕНС е официјално вон рамките на она што се смета за аутизам.

Она што може секогаш да се слушне од Дерновшек е дека тој во иднина сака да отвори центар каде што ќе се лекуваат аутистични деца од целиот свет. Сака тој да е лоциран во Охрид поради неговата положба и поволни карактеристики, каде што дел од аутистичните деца од Македонија, оние кои нема да можат да го платат третманот, ќе бидат третирани бесплатно.

Многу повеќе податоци во врска со РЕНС може да добиете на веб сајтот каде што е поставено неодамнешното предавање кое Зоран го имаше во Скопје.