четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 59

Репетирал пиштол кон ученици и си заминал

Драма се случила вчера околу 11 часот во дворот на основното училиште „Сами Фрашери“ во тетовското село Камењане, кога 15 годишник започнал расправија со тројцата ученици.

poshtar-se-zastrelal-so-pishtol-na-rabotnoto-mesto

Последни вести

Извадил пиштол, го репетирал и вперил кон тројца ученици, се заканил и заминал. Ваква драма се случила вчера околу 11 часот во дворот на основното училиште „Сами Фрашери“ во тетовското село Камењане, кога 15 годишник започнал расправија со тројцата ученици.

-Расправијата во еден момент кулминирала и малку недостигало да прерасне во меѓусебна физичка пресметка, по што тројцата влегле во училишниот објект. Во објектот, исто така, влегол и 15-годишникот, кој од појасот извадил пиштол, го репетирал, го вперил кон тројцата ученици од Пирок им се заканил, а потоа заминал, информираат од СВР Тетово.

Набрзо, во близина на селските гробишта во Камењане, 15-годишниот малолетник, кој не бил ученик во тоа училиште, пронајден е и во присуство на родител повикан е во СВР Тетово.

При тоа, одземен му е гасен пиштол „Екол“ сребрена боја без рамка и куршуми и по целосното расчистување на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

 

Најчитани вести