Реплики од Триумфалната порта во Палмира ќе никнат во Лондон и Њујорк

Модел на Триумфалната порта на Палмира во Лондон
Модел на Триумфалната порта на Палмира во Лондон

Реплики на 15 метри високата Триумфална порта на Храмот на Бел во Сирија ќе бидат изградени на плоштадот Трафалгар и на Тајмс Сквер, како „гест на отпор“.

Изградбата на репликата на портата на Храмот на Бел беше предложена од Институтот за дигитална Археологија и Инстутутот за заштита на светското културно наследство, пишува британски „Гардијан“ .

Триумфалната порта во Палмира
Триумфалната порта во Палмира

Реплкики на античкиот споменик во Палмира што ги преживеа обидите на ИД за разурнивање ќе никнат во Лондон и во Њујорк.

Петнаесет метри високата порта беше еден од малкуте останати делови од Храмот на Бел кој е стар околу 2.000 години. Овој споменик беше во целост разурнат од џихадистите на ИД кои во последната година последователно го разуриваа храмот.