Спорт

Нашата репрезентација и понатаму останува под стотката – осми месец по ред

Нашата репрезентација и понатаму останува под стотката – осми месец по ред
Нашите репрезентативци напредуваа за две позиции на ФИФА листата

“Црвено-жолтите” се наоѓаат на 103-та позиција, но и покрај овој скок од две позиции, нашата репрезентација и понатаму останува под стотката – осми месец по ред. Всушност ова и не е некаков напредок, бидејќи Македонија нема освоено бод од последното јулско рангирање. Поместувањето за две позиции погоре е всушност резултат на падот кој го забележаа селекциите на Бенин и Салвадор.

Напредокот на Македонија е резултатот на падот на Бенин и Салвадор
Напредокот на Македонија е резултатот на падот на Бенин и Салвадор

Следното рангирање на ФИФА е на 3 септември, пред стартот на претпоследната рунда на евроквалификации, кога ние гостуваме кај Луксембург (5 септември), кој е 145-ти, за веднаш потоа на „Денот на независноста“ (8 септември) ќе се соочиме со актуелниот европски првак Шпанија, која е 11-то пласирана селекција.

Од другите противници во групата, Словачка продолжи да напредува сега до 14-та позиција, Украина падна на 30-то место, а Белорусија напредуваше до 96-то место.

Големи промени не се очекуваат на следното рангирање, па од исходот на двата меча во квалификациите, Македонија може да очекува напредок или нов пад дури на 1 октомври, кога ќе се сметаат резултатите од дуелите со Луксембург и Шпанија.

На врвот на листата, Аргентина останува и овој месец како најдобра светска селекција, пред Белгија, која сега е втора, а Германија падна на третото место. Во „топ десет“ се и Колумбија, Бразил, Португалија, Романија, Англија, Велс и Чиле.