Репрезентативците на Хрватска бесни и не комуницираат со медиумите

Репрезентативците на Хрватска се бесни по објавата на експлицитните фотографии од нивното капење потполно голи во хотелските базени во Бразил, и донесоа едногласна одлука повеќе да не комуницираат со медиумите од Хрватска кои ги објавија фотографиите.

Предводникот на „коцкастите”, Нико Ковач, потврди дека целосно ги разбира неговите фудбалери, може да ги свати зошто се бесни и не може да даде точен одговор кога повторно ќе комуницираат со хрватските медиуми.

„Не можам јас да ги повлечам за уши и да ги доведам пред вас. И јас го почитувам нивното мислење. Како ќе се чувствувавте вие да ве фотографираа голи? Тие фотографии ги виде целиот свет. Па, момците рекоа не и вие добро знаете зошто“ – рече селекторот Нико Ковач на редовната прес-конференција во Бразил на која дојде сам без ниту еден од фудбалерите. Не знам кога повторно ќе комуницираат, дали ќе молчат некој ден, или до крајот на првенството не знам“, изјави Ковач.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.