Реприза на детската балетска претстава „Петар Пан“ во МОБ

,Во Македонската опера и балет, в петок и в сабота, ќе се одржи реприза на претставата за деца „Петар Пан“.

В петок претставата ќе започне во 19, а в саабота е предвидена како матине претстава и ќе почне во 12 часот.

Петар Пан е лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М. Бери. Палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте. Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров „Недојдија“ како лидер на неговата банда „Изгубени момчиња“, заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.

Во репризата насловниот лик ќе го толкува Бобан Ковачевски, додека во останатите улоги ќе настапат: Сенка: Игор Веланоски, Венди: Дафина Даниловска, Капетан Кука: Трајче Стојковски, Ѕвончица: Билјана Басмаџиева, Мајка: Билјана Пашариковска, Татко: Драган Кочоски, Џон: Мирослав Митрашиновиќ, Мајкл: Лиле Миленковска, Тајгер Лили: Саша Евтимова, Индијански поглавица: Агим Бафтии, Нана: Стефан Кочевски, Сми: Лора Тарчуговска.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.