Магазин

Реприза на современиот балет „14 часа“ во МОБ

Реприза на современиот балет „14 часа“ во МОБ

Во Македонската опера и балет (МОБ), в петок со почеток од 20 часот, ќе биде изведена репризата на современиот балет „14 часа“.

Ова е современо балетско дело, кое низ синџир од 12 сцени, ги разработува женско-машките односи, преку ликовите на Лили и Марк. Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска.

Играат: Алексадра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Ангела Велевска, Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Игор Велановски, Јан Кисилев, Агим Бафтии и Трајче Стојковски.

Поради градежни зафати, влезот во Македонската Опера и Балет е преку подземната гаража од страната на аптеката „Зегин“ и од страната на Факултетот за Музичка уметност.