„Република“: Целта и планот на СЈО е СДСМ да доживее пораз со колку што е можно помала разлика

Катица Јанева, која е во постојана комуникација и во координација со Зоран Заев, како врска за контакт најчесто користи колега кој е во кумска врска со човек близок до Заев, но поради итноста и чувствителноста на ситуацијата, остварила средба со првиот човек на СДСМ, на која го договориле деталите на планот за кој пишувавме вчера. Зоран Заев ѝ порачал на Катица Јанева дека СДСМ нема избор и дека мора да се обидат преку штелувани ситуации да намалат барем малку од разликата на ВМРО-ДПМНЕ, односно да се обидат да дојдат до достоинствен пораз.

Фрустираноста во СДСМ растела со приближувањето на изборите. Свесни дека ниту бомбите ниту платеничката револуција не дадоа резултат, и дека СДСМ не стои добро на анкетите и ги чека убедлив пораз, па политичката кампања ќе ја водат преку инструментот СЈО, кој е последниот адут во раковот на Заев. Иако Заев и изборниот штаб на СДСМ глумат лажна еуфорија, на сите кои се разбираат во политика и барем малку го чувствуваат пулсот на народот, им е јасно дека оние со кои народот се подбива пред изборите, на 11 декември ќе бидат сурово казнети. За да биде уште побезизлезна ситуацијата на Заев, со што тој станува уше позависен од Јанева, а нејзината работа поургнетна, не се подбива само народот со немоќноста на СДСМ да излезе на изборите на 11 декември како достоен противник на ВМРО-ДПМНЕ, туку на неговата неспособност најмногу ѝ се потсмеваат отпишаните и партиските функционери од интелектуалниот слој на партијата, кои периодов се тргнати настрана и кои очајно чекаат Заев да изгуби за и да почне размислувањето, но и процедурите, за нов лидер на партијата.
Имено, по неколкуте средби и комуникации што меѓусебно ги имале СДСМ и СЈО, договориле до 11 декември Специјалното јавно обвинителство да излезе со 13 до 16 барања за истраги и 6 обвиненија. Важна била бројката и тенденцијата што е можно повеќе луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се опфатат со нивните прес-конференции директно атакувајќи врз нивниот углед, употребувајќи политички етикети, а со цел да се влијае на нивниот кредибилитет. СДСМ и СЈО се насочени преку измислени аргументи да се скандализираат што е можно повеќе случаи. И да се направи штета и доколку е можно, да се влијае на намалување на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ.

Од она што било договорано, во игра било покренување обвинение за случајот за наводни изборни нерегуларности „Титаник“. Меѓу случаите за кој се работело забрзано од страна на СЈО да се отпочне со истрага, а со тоа да се одржи и јавна прес-конференција на која ќе се настапува со политички квалификации, било набавката на новите возила „шкода“ во МВР.

Исто така, забрзано се работело и на покренување истрага за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, каде што потписник од другата страна е токму Европската унија
Ќе се продолжело и со лична дискредитација на Груевски, па така СЈО и СДСМ се договориле да отворат истрага и за набавка на службениот мерцедес за потребите на ВИП-гостите кој го поседува МВР и кој ги задоволува највисоките безбедносни стандарди.
Личен атак врз угледот се спремал и врз министерот за здравство и потпретседател на Владата, кој исто така е дел од истурената постава на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров. Немајќи здрава основа, СЈО почнало да собира податоци за изградбата на болницата во Охрид, главните наоди им се основале на чаршиски рекла-казала муабети, површни обвинувања, без никакви докази.
Дискредитацијата ќе продолжела и кон целото ВМРО-ДПМНЕ. Сигурно ќе атакуваат на сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ, без разлика дали ги има во бомбите. Шефот на изборниот штаб, членовите на Извршниот комитет и пратеници за кои СДСМ ценело дека имаат доверба од народот и се авторитетмеѓу партиската структура, министри и потпретседатели на Влада и сите за кои Зоран Заев ќе одлучел дека му сметале или се достоинствени и вредат меѓу народот, ќе бидат предмет на овој линч.
Освен тоа, ќе атакувале и на Минитсрството за надворешни работи, на бизнисмени кои сакаат да ѝ помогнат на Македонија, ќе ги уценуваат со бомбите, а нема да ги поштеделе ни партиските активисти на локално ниво, кои се познати и авторитетни во народот.
Во обид СЈО да ги престави како злосторничко здружување, ќе ја испитувале легалната градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и имотот на партијата, како и приходите кои ги имала во минатото, иако сè е чисто и достапно на транспаретен начин.

Притисок СЈО ќе врши и врз медиумите. Очигледно е дека на СДСМ повторно му се виновни медиумите за слабиот рејтинг, па затоа истражителите на СЈО собирале информации и за работата на одредени новинари кои отворено ја критикуваат СДСМ и СЈО.
Иако градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, ја базираше целата своја изборна кампања дека ќе нашол еден куп незаконитости во „Скопје 2014“, и се увиди дека таму се е чисто и не извади ниту еден незаконски детал, СЈО мака мачело да го проблематизира градењето на објектите и спомениците и доколку може да најде поврзување и прикажување на злосторничко здружување за сите градби од проектот.
СЈО и СДСМ нема да го поштеди во политичката битка ниту ДУИ. Имено, на СДСМ отворено атакувајќи на албанските гласови со повиците за редифинирање на државата и вметнување на албанскиот јазик како втор службен јазик на територијата на целата држава, очигледно му смета ДУИ, а воедно сака да ја фавоиризира и БЕСА.Токму затоа СЈО се заангажирало да го испита и неуспешниот попис и доколку може, и тука да се скандализираат некои аспекти.

Бројките покажуваат дека две и пол години СДСМ не мрдна од дното на анкетите. Анкетите укажуваат и на очајно слаби резултати од работата на СЈО и Катица што јасно укажува дека граѓаните на СЈО гледаат како политички инструмент во рацете на СДСМ. Тоа се гледа и од анкетите на „Павел Шатев“ и на „Брима галуп“. Над две третини од граѓаните, поточно 60.9% имаат негативно мислење за специјалната обвинителка Катица Јанева. Точно 60% немаат никаква доверба во нејзината работа. Огромни 67,8 проценти од граѓаните сметаат дека обвиненијата на Катица Јанева и Специјалното обвинителство за одредени функционери на власта не се издржани и се политички мотивирани. 67,2проценти, пак, сметаат дека СЈО и Катица со нивната работа врши политички притисок врз власта.
Од анкетата на „Брима галуп“ се гледа дека огромното мнозинство од 35.4% сметаат дека Катица Јанева е поблиска до СДСМ, а само 1% сметаат дека е поблиска до ВМРО-ДПМНЕ. 19.9% сметаат дека таа следи упатсва и е под влијание на амбасадорите на САД и ЕУ.
Анкетите не одат во корист на СДСМ и Зоран Заев.
Во анкетата на Павел Шатев направена во мај годинава на прашањето пак, „Која партија би победила на следните парламентарни избори?“, 49.6 отсто од испитаниците одговориле ВМРО-ДПМНЕ, додека 20.2 отсто СДСМ. Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше врз ист репрезентативен примерок од 1.070 испитаници во периодот од 20 до 22 април, ВМРО-ДПМНЕ забележува раст на рејтингот од 0,1%, и истиот изнесувал 49.5%, додека поддршката на СДСМ паднала за 0,7%, и истиот тогаш изнесувал 20.9%.
На прашањето „Какво е вашето мислење за Зоран Заев?“ негативно одговориле 58.1% , додека позитивно се изјасниле 22.6%.
На истото прашање кое се однесувало на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, позитивно се изјасниле 53.7%, додека негативен одговор дале 31.4%.
Во анкетата пак на Институтот Димитрија Чуповски, направена во октомври годинава, 27,6 отсто од испитаните граѓани својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, а само 16,1 отсто за СДСМ. Очигледно е дека владејачката партија има стабилна и убедлива предност пред опозициската СДСМ во пресрет на изборите на 11 декември.
40% од граѓаните веруваат дека ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, додека верба во СДСМ имаат само 14.8% од испитаните граѓани.
Исто така, во анкетата на Брима Галуп направена во мај годинава ВМРО-ДПМНЕ има двојно поголема предност пред СДСМ. 39,6 отсто се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 19,3 отсто за СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.