„Република“: Експерти од тимот на Обама дел од тимот за стратегии на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски

го советувал Обама во неколку клучни моменти, вклучувајќи ги прелиминарните избори, и особено одлучувачките чекори во победата на Обама во државата Флорида која му ја донесе и победата на претседателските избори.

obama

Како дел од нивните достигнување и партнери за кои работеле или работат како и кампањите во кои биле вклучени се светскиот магнат Гугл, најголемиот светски настан Оскарите, понатака Националната конвенција на Америка на државни законодавци, итн. Тие се дел од тимот што ќе ја организира и води Демократската Национална конвенција во Филаделфија во 2016 година на која Демократската партија официјално ќе го номинира својот кандидат за Претседател на Америка, а биле вклучени и во организацијата и водењето на Демократската национална конвенција во Денвер во 2008 година кога беше номиниран Претседателот Обама за својот прв мандат, како и Демократската национална конвенција во Шарлот во 2012 година кога Претседателот Обама беше номиниран за својот втор мандат.

Во тимот има и повеќе лица од изборниот штаб на американскиот претседател Обама кои се смета за најдобро организиран штаб за изборите досега составен, и тие ќе соработуваат со републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ и со одговорните за медиуми и комуникации од партија, пишува Република.

Од ВМРО-ДПМНЕ ни потврдија дека постои ваква соработка и дека се горди што соработуваат со личности од ваков калибар, професионални и истакнати личности од американската и светската политичка и стратегиско комуникациска мрежа.

Договорот со споменатите е транспарентен и објавен на американското Министерство за правда  што значи дека е согласно законите на двете земји и има одобрување за негово спроведување.

zaev-so-nekoi-lugje

Да потсетиме, СДСМ, како што објави „Република“, користи услуги на српската агенција „Рускин и Хант“, зад која стојат повеќе афери во Србија, оценувајќи ги како „продавачи на скапа магла“. Српската агенција инаку водела кампањи за политички партии во Црна Гора, како и манфестации за пикник во Белград, манифестациони базари, детски еко кампови, кампањи за граѓанско штедење,  за пиво како и емисии за патување на моторџии ширум Србија.