„Република“: Еве го планот на СДСМ и СЈО до крајот на изборите!

„РЕПУБЛИКА“ ексклузивно го дознава планот на СДСМ и СЈО за дејствување до крајот на изборите. Соочени со вистински дебакл во работењето, отежнати со бројните афери и скандали кои се врзуваат со СЈО и по поглед на непотизмот, финансиското работење на институцијата и најважно бруталното пречекорување на овластувањата и кршењето на законите, но и од друга страна извесноста дека СДСМ ќе ги загубат изборите и нискиот рејтинг којшто го имаат кој говори дека ВМРО-ДПМНЕ е со двојна предност во однос на СДСМ, Катица и Заев смислиле прецизен  план до крајот на изборите главната тежа на политичка битка да ја префрлат токму на Специјалното обвинителство .

Наместо правда, СЈО ќе води политичка кампања

Имено, по неколкуте средби и комуникации што меѓусебно ги имале СДСМ и СЈО договориле до 11 декември да се излезе од страна на Специјалното обвинителство со  13 до 16 барања за истраги и 6 обвиненија. Важна била бројката и тенденцијата што е можно повеќе луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се опфатат со нивните прес-конференции директно атакувајќи врз нивниот углед, употребувајќи политички етикети, а со цел да се влијае на нивниот кредибилитет.

Набрзина се штанцале наводи и се измислувале аргументи колку толку да се најде некаков основ да се скандализираат што е можно повеќе случаи. Целта било кога веќе не може СДСМ да победи ниту да се приближи до рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, да се направи штета и доколку е можно да се влијае на намалување на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ.

Од она што било договорано, во игра било покренување на обвинение за случајот за наводни изборни нерегуларности „Титаник“. По неуспехот на Заев и СДСМ да прикажат постоење на избирачки фантоми, како и избивањето на тезата дека избирачкиот список е непрочистен, спасот СДСМ и СЈО ќе го бараат преку обвинение за „Титаник“, и тоа намерно пред почетокот на изборите а се во функција на изборната кампања. Иако и на СЈО и на СДСМ им било јасно дека нема никаков еклатантен доказ за постоење на било какви нерегуларности намерата е да се  подготват алиби кои би можеле да се искористат за правдање и на престојниот изборен пораз кој многу веројатно ќе уследи, пренесува РЕПУБЛИКА.

katica-janeva

Меѓу случаите за кој се работело забрзано од страна на СЈО да се отпочне со истрага а со тоа да се одржи и јавна прес-конференција на која ќе се настапува со политички квалификации било набавката на новите шкода возила во МВР. Таму целта е дополнително валкање на угледот на полицијата овој пат со наводен економски криминал.

Исто така забрзано се работело и на покренување на истрага за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, каде што потписник од другата страна е токму Европската унија. Тоа иако внело доза на колебање дали воопшто вреди да се отвора овој случај особено што се работи за надворешен фактор и тоа што немало никакви докази, сепак во недостиг на време не се исфрлало можноста да се опфати и оваа тема.

Личен атак и дискредитација на Груевски и Тодоров

-Ќе се продолжело и со лична дискредитација на Груевски, па така СЈО и СДСМ се договориле да отворат истрага и за набавка на службениот мерцедес за потребите на ВИП гости кој го поседува МВР и кој ги задоволува највисоките безбедносни стандарди. Личен атак врз угледот се спремал и врз министерот за здравство и потпретседател на владата кој исто така е дел од истурената постава на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров. Немајќи здрав основ, СЈО почнала да собира податоци за изградбата на болницата во Охрид, главните наоди им се основале на чаршиски рекла казала муабети, површни обвинувања, без никакви докази. Дискредитацијата ќе продолжела и кон целото ВМРО-ДПМНЕ. Сигурно ќе атакуваат на сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ без разлика дали ги има во бомбите. Шефот на изборниот штаб, членовите на Извршниот комитет и пратеници за кои СДСМ ценело дека имаат доверба од народот и се авторитетмеѓу партиската структура. Министри и потпретседатели на Влада и соте за кои Зоран Заев ќе одлучел дека му сметале или се одстоинствени и вредат меѓу народот ќе бидат предмет на овој линч. Освен тоа, ќе атакувале и на Минитсрството за надворешни работи, на бизнисмени кои сакаат да ѝ помогнат на Македонија ќе ги уценуваат со бомбите, а нема да ги поштеделе ни партиските активисти на локално ниво, кои се познати и авторитетни во народот. Во обид СЈО да ги престави како злосторничко здружување, ќе ја испитувале легалната градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и имотот на  партијата, како и приходите кои ги имала во минатото, иако се е чисто и достапно на транспаретен начин, пишува РЕПУБЛИКА.

sjo

Притисок СЈО ќе врши и врз медиумите

Очигледно на СДСМ повторно  и се криви медиумите за слабиот рејтинг, па затоа истражителите на СЈО собирале информации и за работата на одредени новинари кои отворено ја критикуваат СДСМ и СЈО.

Иако градоначалникот на Центар Жерновски ја базираше целата своја изборна кампања дека ќе нашол еден куп незаконитости во „Скопје 2014“ и се увиди дека таму се е чисто и не извади ниту еден незаконски детал, СЈО мака мачело да го проблематизира градењето на објектите и спомениците и доколку може да најде поврзување и прикажување на злосторничко здружување за сите градби од проектот.

СЈО и СДСМ нема да го поштеди во политичката битка ниту ДУИ. Имено, на СДСМ отворено атакувајќи на албанските гласови со повиците за редифинирање на државата и вметнување на албанскиот јазик како втор службен јазик на територијата на целата држава, очигледно му смета ДУИ, а воедно сака да ја фавоиризира и БЕСА .Токму затоа  СЈО се заангажирало да го испита и неуспешниот попис, и доколку може и тука да се скандализираат некои аспекти.

Фрустираноста во СДСМ растела со приближувањето на изборите. Свесни се дека ниту бомбите не дадоа резултат, ниту платеничката револуција, со што политичката кампања преку инструментот СЈО е последниот адут во раковот на Заев.

anketa-katica-janeva-520x281

Бројките покажуваат дека две и пол години СДСМ не мрдна од дното на анкетите. Анкетите укажуваат и на очајно слаби резултати од работата на СЈО и Катица што јасно укажува дека граѓаните на СЈО гледаат како политички инструмент во рацете на СДСМ. Тоа се гледа и од анкетите на Павел Шатев и Брима Галуп. Над  две третини од граѓаните, поточно  60.9% имаат негативно мислење за специјалната обвинителка Катица Јанева. Точно 60% немаат никаква доверба во нејзината работа. Огромни 67,8 проценти од граѓаните сметаат дека обвиненијата на Катица Јанева и специјалното обвинителство за одредени функционери на власта не се издржани и се политички мотивирани. Додека 67,2проценти сметаат дека СЈО и Катица со нивната работа врши политички притисок врз власта.

Од анкетата на „Брима галуп“ се гледа дека огромното мнозинство од 35.4% сметаат дека Катица Јанева е поблиска до СДСМ, а само 1% сметаат дека е поблиска до ВМРО-ДПМНЕ. 19.9% сметаат дека таа следи упатсва и е под влијание на амбасадорите на САД и  ЕУ.

Во ВМРО-ДПМНЕ се релаксирани и на ова гледаат како дел од театарот приредуват од Заев и Катица кој само ја зголемува разликата во поддршката на граѓаните. На луѓето од ВМРО-ДПМНЕ совршено јасно им е што може да очекуваат од СЈО, но нивен главен и најзнаќаен фокус кон кои се насочени е токму програмата со која ќе излезат пред граѓаните и теренот на кој постојано меѓу народот може да се видат функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.