сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 0

„Република“: Го потврди ли општина Струмица криминалот на Заев со „Цареви кули“?

Иако три дена Република.мк објавува документи и докази за злоупотребите на Зоран Заев и неговата администрација на законот за легализација на дивоградбите, од општината испратија реакција четири прости реченици дека „медиумите лажат“ и дека „се е по закон“.

akt201-zaev-carevi-kuli-007-520x390

Поврзани вести

Молк од Зоран Заев, молк и од „Цареви кули“ и само штуро соопштение од општината по новата криминална афера чија што вредност допрва се очекува да биде проценета од институциите.

Иако три дена Република.мк објавува документи и докази за злоупотребите на Зоран Заев и неговата администрација на законот за легализација на дивоградбите, од општината испратија реакција четири прости реченици дека „медиумите лажат“ и дека „се е по закон“.

Ваквото соопштение од општината, како и молкот од Заев, па и од хотелскиот комплекс, само ги потврдува наводите на Република поткрепени со докази и документација.

spoeni sat 22

vpisanite objekti 2

На фотографиите од сервисот Гугл и неговите апликации за мапирање како Google Earth и Google Maps , јасно и обележано со дата се гледа состојбата на плацот, односно дека легализираните градбите на хотелскиот комплекс не постојат! Притоа, да потсетиме, се работи за комплекс кој е изграден на државна парцела од околу еден милион квадратни метри, односно пасиште!

Интересен е и моментот со новиот пат Струмица- Попчево, кој е пуштен во употреба во 2013 година, а кој минува непосредно до објектот. Да се потсетиме, Заев тврдеше дека општината потрошила над седум милиони денари за експропријација на земјиштето за да може да се изгради патот, како и дека проектната документација со сите ревизии е направена од општина Струмица. Невозможно е општината да не знае дека објектите на хотелскиот комплекс се  градени  меѓу 2011 и 2013 година, кога истовремено е работено и на градбата на патот кој минува таму.

patot nov

Невозможно е да не се знае и дека „некој таму нешто гради“, а се работи за цел хотелски комплекс, на државно земјиште. И особено ако се земе предвид дека станува збор за бизнисмен кој неколку пати добива општински тендери, меѓу другото и за реконструкција на плоштадот во Струмица, или пак за мермер за 300 (?) споменици во Струмица?

ScreenshotScreenshot 2trotoari tenderi

Според фотографиите на Гугл, во 2011 година објектoт не постои, додека во решението за легализација со потпис на Зоран Заев, наведено е дека барањето за легализација е поднесено на 3 септември 2011 година.

akt201-zaev-carevi-kuli-021 akt201-zaev-carevi-kuli-020 akt201-zaev-carevi-kuli-019

Институциите, како и Oпштина Струмица треба да дадат одговор како Зоран Заев легализирал објект изграден по законската рамка за легализација на дивоградбите односно 3 март 2011 година.

Наместо одговор, Oпштина Струмица испрати соопштение со кое ги нападна медиумите и застана во одбрана на криминалот.

Го потврди ли Општина Струмица криминалното легализирање на „Цареви кули“ со потпис на Зоран Заев со ова соопштение? – стои во текстот на „Република“

Најчитани вести