„Република“: Има пари, нема мир – 6.000.000 евра за платеничката војска на Сорос

Нападите врз спомениците на македонските историски херои и Порта Македонија, како најголем трн во око на платениците, воопшто не е случајно. Уште во 2009 година при тие тренинзи вршена е директна индоктринација врз младите да не ја чувствуваат Македонија како своја држава.

Во 2009 година, кога беше екот на кампањата на владата „Ти си Македонија“, една од основните лекции била да ги убеди слушателите дека „Ти не си Македонија“ и дека никој во оваа земја не треба да се идентификува со местото и државата на раѓање и живеење, туку да се чувствува исклучиво како човек на планетата Земја. Да нема никакво различно чувство за својот народ, традиција, историја и за својата земја во однос на која било друга, посочува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето последно интервју.

Па колку сето тоа чини? За колку пари може да проработи монструозноста и да се повикува на крв по улиците, онака како што тоа го повика Едмонд Адеми- човекот со експресна кариера во СДСМ и на кратко во МВР? Колку зелени банкноти беа потребни за Љуми Бекири да бара багеристи да ги гази полицајците? За колку долари својот народ јавно треба да го нарекуваш стока, неписмен, стадо, идиоти, без мозок и други навреди?

 

republika-1

Каде завршуваат парите?

Документите до кои дојде Република откриваат која организација со колку пари располага и колку заработуваат од соросовиот буџет главните „борци против режимот“. Без никакво изненадување, во соросовата платеничка војска се и Љубомир Фрчкоски, Гордан Калајџиев, Мирјана Најчевска, Ѓунер Исмаил, Уранија Пировска, Марјан Забрчанец, Џелал Хоџиќ, Билјана Бејкова, Мила Царовска… Списокот е многу подолг, особено што СОРОС плаќа и цели семејства на наведените. Тука се и Филип Стојановски, Ирена Цветковиќ, Љуми Бекири, Здравко Славевски, Кочо Андоновски, Владимир Вангелов, Џелал Хоџиќ.

Значајна улога имаат и новинарите кои секојдневно преку медиумските инсталации на СОРОС шират пропаганда во корист на уривањето на државата, како Сашо Орданоски, Бранко Героски, неговата сопруга Билјана Илиќ, Драган Антоновски, Мухамед Зекири, Герман Филков, Ида Протуѓер, Сашка Цветковска, синот на Ерол Ризаов, Горан Ризаов, Саше Димовски, Зоран Димитровски, Зоран Бојаровски, Мери Јордановска, Предраг Петровиќ, Јофе (Јован Постоловски), Огнен Јаневски, Ивана Костовска, Биљана Секуловска, Владо Апостолов, Владе Ѓорчев. Потоа Суад Мисини, Влатко Станковски – Васиљ, Андреја Стојковски,се само дел од имињата на новинарите, уредниците и соработниците на соросовите медиуми, пишува Република.

 

republika-2

Листата на сите кои во џебот пикаат пари од СОРОС е предолга, па тука ќе наведеме само дел од „најзаслужните“.

Уранија Пировска предводник на Хелсиншки Комитет за човекови права, која стои зад извештаите во кој се оцрнува работа на власта, од соросовите организации наплатила 2.451.762 денари, или приближно 40 илјади евра.

Бојан Маричиќ од „Македонскиот центар за европско образование“, организацијата на Лидија Димова, инаку сопруг на поранешната пратеничка на СДСМ Маринела Тушева, и поранешен вработен во Фондацијата СОРОС, во две години заработил 1.311.459 денари.

Билјана Бејкова од соросовиот „НВО Инфо центар“ за 2014-та и 2015-та година заработила 1.661.126 денари.

Во платеничка револуција Неда Коруновска од „Реактор“, програмскиот координатор на СОРОС, за последните две фискални години заработила 1.709.200 денари.

Мила Царовска, претседателката на комисијата за социјална политика на СДСМ преку невладината ХЕРА заработила 1.415.105 денари.

Од ХЕРА…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.