„Република“: Има пари, нема мир – 6.000.000 евра за платеничката војска на Сорос

Од ХЕРА одлично заработува и Бојан Јовановски – Боки 13 кој лани наплатил 998.627 денари. Лани малку помалку од Хелсиншкиот комитет заработил неговиот истомисленик и соборец во протестите за рушење на режимот Кочо Андоновски со 910.073 денари од сметката на СОРОС.

Ирена Цветковиќ, меѓу најактивните редовни демонстранти на соросовите акции добро го наплатува активизмот. Таа од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ заработува над 1.208.720 денари годишно. Притоа, ги наплатува и активностите во другите организации на СОРОС.

Мартина Смилевска, челник на соросовото Македонско здружение на млади правници добила 1.584.195 денари. Нејзиниот соработник Зоран Дранговски добил над 990.000 денари.

Маријан Забарчанец од МОФ кој е „дежурен“ на протестите, за две години земал 736.065 денари.

На име на плати, Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации заработил 2.774.447 денари за две години. Неговата соработничка од 2004 година и аферата „Фабрика“, Сабина Факиќ, во 2015 година од Соросовиот Центар за граѓански комуникации инкасирала 1.328.172 денари.

Александар Николиќ Писарев, уште еден поранешен новинар, а сега дел од СОРОС, од ФОРУМ ЦСИД, Плоштад Слобода, Цивил и други соросови организации наплатил 959.936 денари.

Зоран Бојаровски, колумност во Слободен Печат и Плус Инфо, медиумите на Бранко Героски финансиски поддржани од СОРОС, од друга СОРОС-ова експозитура ФОРУМ ЦСИД, за две години наплатил над 340.000 денари.

Метаморфозис, невладината ќерка на СОРОС, на синот на Ерол Ризаов, Горан Ризаов лани му исплатила над 340.000 денари. А препознатливото лице на Метаморфозис, Филип Стојановски познат и како Развигор, од СОРОС има заработено 945.610 денари.

republika-3

Ако се анализираат кој се е претставник или дел од организациите и како се дели колачот работата станува уште појасна. Притоа, мора да се има предвид и дека во овие организации влегуваат и пари од други фондови, пред се, од САД и од европски држави.

„Македонскиот центар за европско образование“ за последните две години за хонорари и исплати свртел 10.350.250 денари, а меѓу сметките на кои легнале парите се и тие на Влатко Васиљ, Цаца Николовска, Каролина Астеруд, Бојан Маричиќ, Сашо Ордановски, па и Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.

„Реактор“ во две години поделила хонорари во висина од 11.254.166 денари. Извршниот директор Дамјан Здравев во 2014 година наплатил 552.000 денари, за потоа заедно со Маринела Тушева и Радмила Шекеринска да држи говори пред шаторите на СДСМ пред владата. Од „Реактор“ одлично заработила и Тања Малеска, наплатила 1.453.528 денари. Од буџетот кој доаѓа од СОРОС, Блажен Малески, познат и од Студентскиот пленум лани инкасирал 356.796 денари.

Зад „Форум…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.