„Република“: Има пари, нема мир – 6.000.000 евра за платеничката војска на Сорос

Зад „Форум- Центарот за стратегиски истражувања и документација“(ЦСИД) стојат имињата на Ѓунер Исмаил и Сашо Орданоски, а од таму хонорари добиваат Мухамед Зекири, Зоран Бојаровски, Љуми Бекири, Љубомир Фрчкоски, Гордан Калајџиев, Никола Наумовски (братучед на Радмила Шекеринска) и други. ФОРУМ ЦСИД исплатила по 6.487,890 денари во две години како хонорари на над стотина дежурни демонстранти и активисти на СДСМ.

republika-4

„НВО Инфо Центар“ во 2014 и 2015 година за хонорари поделила по 5.827,675 денари, а парите легнале на сметките активисти како Бојан Маричиќ, Владимир Вангелов , но и на Фросина Ременски од СДСМ.

„Транспарентост Македонија“ каде членови се Едмонд Адеми, Гордан Ѓоргиев, Ѓунер Исмаил, Гордан Калајџиев, Сашо Ордановски, Марјан Забарчанец, Ана Чупески, исплатени се хонорари во износ од 3.234,560 денари.

Од овие пет „експозитури“ на СОРОС, исплатени се 37.154.541 денар, или над 602.000 евра, на главните протагонисти во секојдневните протести на опозицијата, кои се борат против „режимот“ за „медиумски слободи“ и за „демократија“.

republika-5

 

Што поддржува фондацијата

Факт е дека со парите од СОРОС постојано се поддржувала актуелната опозиција, со тоа што во годините кога била на власт, „машинеријата“ работела за нејзина поткрепа, посочува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето интервју за медиумите.

Значи, некој однадвор секогаш низ овие две и пол децении плаќа да му се помогне на СДСМ. Прво, затоа што со таков избор на кадри во раководството неспособни се самите да дојдат на власт или да се одржат на власт и второ, затоа што некој сака да се тие на власт, заради некој негов интерес. Никој не дава толку пари без да има некој интерес од тоа, подвлекува Груевски.

Имајќи го предвид актуелниот политичко безбедносен момент во Македонија, но и глобалните раздвижувања на големите сили околу зоните на влијанија на стариот континент, како и најголемата мигрантска криза која ја тресе Европа, а притоа станува збор за интересите, не смее да се заборави и позицијата на Џорџ Сорос уште во раните деведесетти години на минатиот век, на почетокот на македонската самостојност.

 

republika-6

Во 1993 година, кога Џорџ Сорос и неговата фондација влегуваат во Македонија, искористувајќи ја економската ситуација во земјата, како и сервилноста на власта на поранешните комунисти, Фондацијата понуди кредит за пополнување на дупката во државната каса, но во замена за отворено мешање во државните одлуки. Во отвореното писмо до пратениците тој посочува дека доколку државата ги употреби, како што вели „Сонцето на Александар“ – како што го нарекува сонцето од Кутлеш, или, пак, лавот за грб на државата, ќе се загубеле „симпатиите во светската заедница“.

За само неколку денови потоа државата се задолжува за 25 милиони долари кај Сорос. Пратениците во опозиција во заемот гледаат политичка заднина и не присуствуваа на чинот.

Парите на Фондацијата СОРОС и денес одат на сметка на оние кои тогаш застанаа зад тој заем, додека каматата на политичкиот кредит ја плаќаат граѓаните на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.