„Република“: Како Зоран стана Агим

Со­о­че­ни со по­ра­зи­тел­на­та ма­те­ма­ти­ка во ма­ке­дон­ски­от кам­пус, СДСМ по­сег­на кон но­ва та­кти­ка – ја ба­ра во ал­бан­ски­от кам­пус. Трет пат во сво­ја­та ка­ри­е­ра, За­ев за ал­бан­ски ме­ди­ум да­ва ан­ти­ма­ке­дон­ски из­ја­ви. Пр­ви беа за „не­па­три­о­тиз­мот“ на СДСМ и за гре­шки­те со под­- др­шка­та за Ки­че­во и за Стру­га. По­тоа ги осу­ди каз­ни­те за осу­де­ни­те во про­те­сти­те за „Мон­струм“, за се­га го до­стиг­не вр­вот. И офи­ци­јал­но, За­ев ста­на по­го­лем Ал­ба­нец од Ах­ме­ти и од Та­чи, пишува „Република“.

Бег Ри­зај, еден од во­да­чи­те на во­о­ру­же­на­та гру­па ели­ми­ни­ра­на во Ку­ма­но­во, бе­ше пом­пез­но и ка­ко хе­рој по­гре­бан во Де­ча­ни. Пред ков­че­гот по­кри­ен со на­ци­о­нал­но­то зна­ме сто­е­ше по­стро­е­на по­чес­на гар­да об­ле­че­на во уни­фор­ми на УЧК, а освен мно­гу­те гра­ѓа­ни, по­чит му од­да­доа и дел од пра­те­ни­ци­те на Али­јан­са­та за ид­ни­на на Ко­со­во. Во це­ла­та сли­ка не­до­сти­га­ше са­мо ли­де­рот на СДСМ…

При­сус­тво­то на За­ев на по­гре­бот на те­ро­ри­стот Бег Ри­зај се на­мет­ну­ва ло­гич­но, осо­бе­но по нај­а­ви­те за но­во отво­ра­ње на Охрид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор, иде­ја­та Ма­ке­дон­ци­те уште од гра­дин­ка да учат ал­бан­ски и ре­ша­ва­ње на име­то со мо­дел на мул­ти­ет­нич­ност?! Уло­га­та на по­го­лем Ал­ба­нец од Ах­ме­ти ја за­и­гра са­ми­от За­ев, па ред­но би би­ло да ја до­вр­ши… Ток­му за­тоа, не­до­сти­га­ше не­го­во­то при­сус­тво во Де­ча­ни, а за скло­пу­ва­ње на це­ла­та сли­ка, бе­ше по­треб­но и ед­но дра­ма­тич­но и со ле­лек фр­ла­ње по ков­че­гот на Ри­зај. Ова, де­фи­ни­тив­но, ќе ја за­вр­ше­ше при­ка­ска­та за Зо­ран Скен­дер-бег. Или Агим?

Агим „се ро­ди“ по­ра­ди „Фејс­бук“ и ло­ша­та ма­те­ма­ти­ка?!

Пред точ­но ед­на не­де­ла, Зо­ран ста­на Агим. Но зо­што ток­му Агим? За­ме­на­та на име­то, ко­ја са­ми­от ли­дер ја на­мет­на од не­мај­ка­де и во дла­бо­ка та­га пре­диз­ви­ка­на од ма­те­ма­тич­ка­та ма­ка, ја об­јас­ну­ва оно­ма­сти­ка­та – на­у­ка­та за по­тек­ло­то и за зна­че­ње­то на ими­ња­та. Име­то на ли­де­рот на СДСМ е од сло­вен­ско по­тек­ло и има мно­гу ед­но­став­но зна­че­ње, кое јас­но про­из­ле­гу­ва од не­го. Зо­ран зна­чи зо­ра, утро, ра­ѓа­ње на де­нот. Не­го­ви­от пан­дан кај Ал­бан­ци­те е ток­му Агим, име што го има исто­то, иден­тич­но зна­че­ње со Зо­ран. Оно­ма­сти­ка­та за­вр­шу­ва ов­де. При­чи­ни­те за про­ме­на­та на име­то од Зо­ран во Агим, пак, вле­гу­ва­ат во сфе­ри­те на пси­хо­ло­ги­ја­та и на по­ли­ти­кант­ство­то соз­да­вај­ќи ен­дем­ска ком­би­на­ци­ја на ус­ло­ви и на не­об­јас­ни­ви пре­дис­по­зи­ции за оваа не­ве­ро­јат­на оно­ма­стич­ка транс­фор­ма­ци­ја.

Мош­не ве­ро­јат­но, го­ле­ма уло­га во ме­ну­ва­ње­то на име­то има­ше ток­му „Фејс­бук“. Не Цу­кен­берг, ту­ку ил­јад­ни­ци­те лаж­ни про­фи­ли што се­којд­нев­но ѝ да­ва­ат под­др­шка на лаж­на­та ле­ви­ца. По­ве­де­на од број­ка­та на „Фејс­бук“, вр­ху­шка­та се ос­ме­ли и изра­ду­ва, па дов­че­раш­ни­от Зо­ран из­ле­зе со хра­бра прог­но­за за 100.000 де­мон­стран­ти на 17 мај. Да, си­те тие 20.000 со сво­и­те, по ми­ни­мум пет, лаж­ни про­фи­ли беа 100.000, но са­мо на „Фејс­бук“. Ре­ал­но­ста, пак, ја за­бр­за не­го­ва­та транс­фор­ма­ци­ја во Агим. Со­ро­со­ви­те фи­ли­ја­ли се оби­доа со из­вр­ту­ва­ња да го по­пол­нат не­до­сти­гот од „са­мо“ 80.000 лу­ѓе, Ше­ке­рин­ска и со фо­то­гра­фии од про­те­сти во дру­ги гра­до­ви, но зна­еј­ќи ја бол­на­та ви­сти­на, ли­де­рот сво­ја­та ду­шев­на бол­ка ја на­ма­ли со зго­ле­му­ва­ње на вло­гот кај ид­ни­от ко­а­ли­ци­ски парт­нер, кој и да е, ко­га и да е. Очиг­лед­но, ко­га ви се за­ка­ну­ва­ат не­кол­ку суд­ски про­це­си, што за на­сил­но пре­зе­ма­ње власт, што за ми­то, а во ме­ѓу­вре­ме јас­но гле­да­те ка­ко ед­но „во­соч­но“ ли­це бе­срам­но се ме­сти пред вас да ви го зе­ме тро­нот, средс­тва­та што ги ко­ри­сти­те за пре­жи­ву­ва­ње ста­ну­ва­ат сè по­бе­скру­пу­лоз­ни. Па, се ра­бо­ти за ва­ша­та ко­жа не­ли…

Про­пад­наа „бом­би­те“, па про­те­сти­те, што е след­но?

При­сус­тво­то на не­кол­ку ил­ја­ди Ал­бан­ци на про­те­сти­те, спо­ре­де­ни со број­ка­та на Ма­ке­дон­ци, ко­ја ги раз­о­ча­ра и ги фр­ли во де­пре­си­ја ли­де­ри­те на опо­зи­ци­ја­та, по­мог­на во не­го­ва­та од­лу­ка за про­ме­на на име­то, не са­мо на др­жа­ва­та не­ли…

zoran-1.jpg-500

Отво­ре­на­та под­др­шка на 113. бри­га­да на УЧК на ми­тин­гот на СДСМ и ма­кси­мал­но по­зи­тив­ни­те ре­ак­ции на ра­ди­кал­ни­те Ал­бан­ци во Ма­ке­до­ни­ја и по­ши­ро­ко ги разд­ви­жи­ја зас­па­ни­те и одам­на не­у­по­тре­бе­ни си­ви ќе­лии. По­втор­но по­греш­но, ка­ко и се­ко­гаш. Се­то тоа се на­до­вр­за на „фан­та­стич­ни­те“ ре­ак­ции на не­го­ви­те нас­ме­а­ни са­мо­фо­то­гра­фи­ра­ња во Ку­ма­но­во, два де­на по смрт­та на осум­те бра­ни­те­ли. По­зи­тив­ни­те одг­ла­си што дој­доа нас­про­ти ма­кси­мал­но не­га­тив­ни­те од ма­ке­дон­ски­от блок, очиг­лед­но, ја ре­ши­ја при­ка­ска­та.

Со­о­че­ни со две јав­ни шла­ка­ни­ци по ред, сла­би­от од­ѕив на ре­фе­рен­ду­мот во Цен­тар и ка­та­стро­фал­ни­от од­ѕив на ми­тин­гот што са­ми­те го прет­ста­ви­ја ка­ко на­стан од ти­пот „да се би­де или не“, а се по­ка­жа ед­но го­ле­мо „не“ во фор­ма на очиг­ле­ден по­ка­за­тел де­ка не­кој не­ма абер од кри­тич­ка ма­са за ка­кви и да е про­ме­ни, ни на ули­ца, ни на из­бо­ри, вр­ху­шка­та го по­ба­ра спа­сот кај Ал­бан­ци­те. По­ве­де­ни од сво­ја­та пра­кти­ка, кол­ку и да е до­ка­жа­но по­греш­на, и на овој ет­ни­кум му се „приб­ли­жи­ја“ пре­ку лаж­ни ве­ту­ва­ња. Овој пат не вра­бо­ти­ја по еден член од се­кое се­мејс­тво, ту­ку им ги по­ну­ди­ја си­те ра­бо­ти што ни­ту тие са­ми­те не ги по­са­ка­ле. Чу­му обич­ни­от, со­вре­мен Ал­ба­нец од Те­то­во би по­са­кал Ма­ке­до­не­цот во Бе­ро­во да учи ал­бан­ски од гра­дин­ка? По­ве­ро­јат­но би са­кал по­до­бро пла­те­но ра­бот­но ме­сто. Со Рам­ков­ни­от ал­бан­ска­та за­ед­ни­ца до­би мно­гу, но ду­ри ни Ах­ме­ти ни Та­чи ве­ќе не ги ла­жат сво­и­те гла­са­чи со не­го­во „ис­пол­ну­ва­ње“. Се вра­бо­ти сè што мо­же­ше да се вра­бо­ти, па ло­гич­но е де­ка не мо­же­те да ис­пол­ни­те не­што што е ве­ќе ис­пол­не­то или пред крај. Или мо­же­те, но са­мо ако сте За­ев или Ра­ма.

Целата Анализа прочитајте ја на  „Република“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.