Република Крушевска, Современа или Европска Македонија новите „креативни“ предлози

Артан Груби, пратеник на ДУИ и шеф на кабинет на лидерот на партијата, Али Ахмети рече дека договорот за името не е во ќорсокак и дека се денови во прашање кога ќе биде имплементиран, вечерва во емисијата „Само Вистина“ на телавизија Канал 5.

Според груби, станува збор за еден од предлозите на Нимиц, Северна, Вардарска, Горна, Нова и Република Македонија (Скопје), но се преговара и за секое можно ново креативно решение како Република Крушевска Македонија, Република Современа Македонија, Република Европска Македонија.

Никогаш не сме биле поблиску до решение. Ние како партија сме големи оптимисти и даваме голема поддршка за решавање на спорот. Последните информации се дека се доближени ставовите на двете страни и мислам дека ова е оптимистична вест. Убеден сум дека во наредните денови тоа што нејасно ќе биде надминато и дека ќе успееме да го потпишеме и всушност ќе успееме да го зачуваме тоа што е најважно за моите сограѓани Македоници: идентитетот, јазикот, државјанството. Преговорите не се во ќорсокак, се работи за различна имплементација на договореното. Македонецот ќе остане Македонец, било во Скопје или во Брисел и Вашингтон. Јазикот ќе остане македонски, во групата на словоенски јазици, што е факт, рече Груби.

Тој нагласи дека како партија и како дел од власта биле целосно вклучени па дури и помогнале да се дојде до решение за името во делот на преводливоста во патните документи на националноста на припадниците на останатите етнички заедници во Република Македонија.