Република: Лажна политичка пропаганда на бугарскиот „Телеграф“

Претседателот на здружението на хералдичарите од Р. Бугарија др. Стојан Антонов  потврди дека бугарскиот грб и предлогот за нов македонски грб се различни. Односно, дека не се исти – онака како што некои сакаат да прикажат. Според д-р Антонов, црвениот лав на жолта заднина бил симболот на разловечкото востание 1876 година, пишува денес порталот Република.

Република поставува прашање во однос на големиот број лавови на Балканот и во Европа- Австрија, Унгарија, Бугарија, Македонија, па и Англија, Франција, колку се слични а колку различни и постои ли период кога сите тие биле исти.

Антонов вели дека Во хералдиката нема значењедали некаде го има лавот или го нема лавот.

– Секој еден од тие лавови е во контекст или на некоја хералдичка традиција односно историја. Во практика, сите хералдички лавови се еднакви затоа што тоа е една фигура, една фигура за грб. Исто како што сите букви А се еднакви. Може да се малку различно нацртани, но сето тоа е буквата А. Истото е и со хералдичкиот лав. Тој како хералдичка фигура е еднаков, нема значење дали е албански, македонски, бугарски, англиски, или чешки на пример. Тоа нема големо значење. Има значење каква е бојата, но повторно – сите црвени лавови се исти и сите златни или жолти лавови се исти.

grb_zefarovikj

Грбот на Македонија во Стематографија на Христофор Жефаровиќ

Грбот на ВМРО е златен лав на црвен штит, а предлогот за државен грб на Република Македонија е црвен лав на златен штит. Република прашува која од овие две комбинации е повеќе поврзана со македонската историја и, додатно, дали има сличности со бугарските симболи.

–  Не можам да зборувам ниту за македонска ниту за бугарска хералдика, пред создавањето на државите. Кога се појавуваат тие грбови, без оглед на тоа дали се златни на црвено или црвено на златно, тоа се е дело на западноевропските хералдичари. Тие грбови кои што се среќаваат во грбовниците од средновековието се од западноевропски извори. А таму се среќаваат двете варијанти. Како за Македонија, така и за Бугарија. Кога се во еден грбовник се различни – ако бугарскиот е црвен на златно, македонскиот е златен на црвено; или обратно, вели Антонов.

grb_zefarovikj_bg 

Грбот на Бугарија во Стематографија на Христофор Жефаровиќ

Антонов вели дека  Бугарија нема домашни извори, хералдика, која ќе каже дека имало точно таков грб.

– Значи, кога се ослободува Бугарија 1878, земале од Стематографијата на (Христофор) Жефаровиќ, таму е златен лав на црвено, од тука го земаат и од тука натака тој станува бугарски. И од таму почнува хералдичката историја. Истото време дека во истата книга на Жефаровиќ го има и македонскиот грб – Црвен лав на златно. Ако тогаш била создадена и Македонската држава – паралелно со бугарската- многу веројатно тоа би бил грбот. Иако тоа неможам сега да го кажам тоа нема никаква вредност, може да си кажуваме прикаски колку сакаме. Факт е дека од тогаш се користи бугарскиот грб како златен на црвено.

Тој вели дека има два примера за црвен лав на златно – а тоа е Разловечкото востание и второто на кое се присетувам е грбот на династијата Караѓорѓевиќ-српската, а потоа југословенската династија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.