понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 62

„Република“: Личниот телохранител на Заев и претходно имал проблеми со законот

На 23 декември 2008 година тој е осуден на ефективна казна затвор во времетраење од три месеци, доколку во рок од една година го повтори делото за кое е осуден. Истиот од страна на Основниот суд Струмица е осуден условно за сторено кривично дело по член 297 од кривичниот законик.

telohranitel-zaev

Последни вести

Александар Трајков од струмичкото село Градашорци, личниот телохранител на Зоран Заев, и пред насилствата во струмичката дискотека, каде што напаѓал и тепал се пред себе за што е неколкукратно пријавен во полиција, и претходно им бил познат на органите на редот, објави РЕПУБЛИКА.

Република дознава дека блискиот соработник на Заев, неговиот личен заштитник Александар Трајков, кој што го придружува насекаде, од лидерски средби, преку средби со граѓани, посети на Заев на СЈО, до обврските кон судот, истиот тој Трајков и претходно бил во судир со законот.

На 23 декември 2008 година тој е осуден на ефективна казна затвор во времетраење од три месеци, доколку во рок од една година го повтори делото за кое е осуден. Истиот од страна на Основниот суд Струмица е осуден условно за сторено кривично дело по член 297 од кривичниот законик. Република дознава дека Александар Трајков, бодигардот на градоначалникот Заев, од март 2014 година е вработен во „Сара инженеринг“, една од компаниите на кланот Заеви.

telohranitel-zaev2

Токму блискоста со Заев му овозможува на Трајков да се однесува насилнички и притоа да не размислува за последиците. Дури и во последниот случај, кога пред две вечери Трајков цела вечер со боксови без повод и причина напаѓал гости во дискотека, тој минал со прекршочна пријава од МВР.

Да потсетиме дека СДСМ и генералниот секретар Оливер Спасовски од позиција министер за внатрешни работи се обидоа да го сокријат случајот од јавноста, избегнувајќи да го наведат во дневниот билтен до медиумите. Насилникот дури беше и недостапен за полицијата. Но, откако веста стигна во јавноста, а прашање за однесувањето на бодигардот на Заев ми беше поставено директно и на Спасовски, реагираа и од МВР и од СДСМ.

telohranitel-zaev3

Во соопштението од МВР стои дека јавноста ќе биде известена и ќе бидат преземени неопходните законски дејствија „Во моментот кога ќе бидат утврдени сите елементи од настанот “, за потоа да се објави дека МВР му поднело прекршочна пријава на Aлександар Трајков.

СДСМ, пак и за овој случај ја користи формулацијата „евентуална инволвираност“, како и секогаш кога нивните блиски се вмешани во насилство и криминал. Но, свесни дека не може да се сокрие делото на својот член Трајков, тие во соопштение наведоа дека Трајков „приватно“ бил во Струмица, но и дека лицето ќе биде отстрането од придружба со нагласка „на определно време“.

telohranitel-zaev4

Од СДСМ мораа да нагласат дека нивниот лидер Заев, човекот кој со години го ангажира познатиот насилник за негов најблизок соработник и заштитник, дека во моментот кој излезе во медиумите за агресивното однесување на Трајков, не бил ниту во Струмица, туку во Охрид.

Целиот текст прочитајте го на РЕПУБЛИКА

Најчитани вести