„Република“: Медиумските платеници во насилството гледаат „урбан протест“

„Република“: Медиумските платеници во насилството гледаат „урбан протест“
„Република“: Медиумските платеници во насилството гледаат „урбан протест“

„Урбан протест кој носи живот; Урбани луѓе, енергија, желба за слобода, тежнеење за нормално општество, бунт и креативност на улиците на Скопје“. Вака медиумите платени од надвор пренесуваат за активностите на „Протестирам“ наводно граѓанско здружение кое никаде не е регистрирано. Според изјави од организаторите на насилните протести, не го регистрирале затоа што не сакале да се експонираат, пишува „Република

А има ли поголемо експонирање од водење на протести во кои се упаѓа по институции, се демолира, пали, краде, во кои се уништува народното добро, се сквернават споменици, се уништува градот, институциите, државата. Зошто не би се „експонирале“ со регистрација на организација, освен ако не би сакале да сносат одговорност за организација на обиди за отворен конфликт со полицијата, каде веќе десетици специјалци се повредени со камења, бекатон плочки, метални шипки, шишиња. Зошто би се легитимирале како граѓанска организација, оние веќе познатите „угледни“ граѓани кои секојдневно повикуваат на протести, а преку социјалните мрежи упатуваат на пораки и упатства за подготовки на „бомби“ со боја, за испишување пароли, за дејство и начин на провокација на полицијата, а да се мине со прекршочна а не со кривична пријава, дневни „активности“, како снабдување со прашак за перење за да се истура во фонтаната, па и до начин на подготовка и користење на молотови коктели?

И сето тоа, македонската редакција на „Радио Слободна Европа“, медиум финансиран од Вашингтон, го нарекува „протест на урбани луѓе со креативност кој носи живот“ како „тежнеење за нормално живеење“??


Но, кој стои зад овие медиуми? Република на 20 февруари 2015 година, значи некаде на почетокот на оваа криза со прислушувањето на општествено државниот врв, во анализата „Гласни ленти за тивок ‘ПУЧ’“, ги пренесе сознанијата и искуствата на Иван Бабаноски преточени во двотомно дело „Новинари и репортери како шпиони“.

Бабаноски, инаку и самиот припадник во шпионскиот свет, а сега често присутен на протестите на СДСМ, со фа­кти и ци­та­ти ја по­ка­жу­ва по­вр­за­но­ста ме­ѓу овие две про­фе­сии- шпионажата и новинарството- ка­ко на­чин на ра­бо­та и ка­ко мож­ност за до­бра „ма­ска“. Ка­ко нај­до­бро рас­про­стра­не­та шпи­он­ска мре­жа, а по­твр­де­но со из­ја­ви на по­ра­неш­ни чел­ни лу­ѓе во раз­уз­на­вач­ки­те служ­би, тој ги по­со­чу­ва „Рој­терс“, „Ра­дио Сло­бод­на Евро­па“, „Би-Би-Си“, „Си-Ен-Ен“.

cia mediumiЗад тоа како известуваат дел од домашните медиуми, пак, неретко се кријат имиња кои минале обуки кај дел од наведените светски медиумски сервиси, или пак биле дел од нивните тимови.

За до­маш­ни­те вр­бу­ва­ни но­ви­на­ри, Ба­ба­нов­ски ве­ли де­ка се од­лич­но тре­ти­ра­ни од ам­ба­са­ди­те на зем­ји­те за чи­и­што служ­би ра­бо­тат, а и де­ка ос­нов­на­та ра­бо­та не е са­мо да при­би­ра­ат ин­фор­ма­ции за нив, ту­ку и да до­би­ва­ат ин­фор­ма­ции што во одре­ден мо­мент тре­ба да ги пла­си­ра­ат.

Како медиуми кои ги поддржуваат насилни активности низ улиците во Македонија, функционираат и таканаречени „невладини организации“ (начин за регистрација на современ медиум на интернет, меѓу другото за да се избегнат и давачките кон државата). Анализирајќи ги „невладините“, според Бабаноски таа бројка изнесува од шест ил­ја­ди до 11.000 нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции и ху­ма­ни­тар­ни ор­га­ни­за­ции од кои не­кои иск­лу­чи­тел­но се фи­нан­си­ра­ни од стран­ски из­во­ри, што, спо­ред не­го, е „со­лид­на ба­за за сиг­на­ли­зи­ра­ње“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.